Соопштенија

За две лица од Битола побарана е парична казна

Основното јавно обвинителство Битола побара парична казна во износ од 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра, односно по 2000 евра во денарска противвредност, за две лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите на 14 април 2020 година, без дозвола, пеш се движеле низ градот, во време кога на сила била забраната за движење на населението на територијата на Република Северна Македонија. Со тоа, тие не ги почитувале прописите кои се донесени со цел сузбивање и спречување на ширење на опасната болест предизвикана од COVID-19, а за што битолското обвинителство го поднесе Предлогот за издавање на казнен налог.​