Соопштенија

Обвинителството во Тетово поднесе предлози за парични казни за пет лица

Обвинетите во одделни кривично правни  настани, на 13 и 14 април 2020 година, не ја почитувале Одлуката на Владата на Република Северна Македонија со која се забранува движење на населението на територијата на државата, а во насока на спречување на натамошно ширење на пандемијата.

Заради стореното кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Тетово до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози за секој од обвинетите со кои предложи на судот да им изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби.​