Соопштенија

Започната истрага против едно лице за трговија со дете

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, следејќи ги написите во врска со случајот на штитеничката од ЈУ Завод за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје отвори предмет по допрен глас. Надлежен јавен обвинител по спроведени предистражни дејствија во координација со Министерството за внатрешни работи, денеска донесе Наредба за спроведување на истрага против едно лице. На лицето му се става на товар дека сторило кривично дело Трговија со дете од чл.418-г ст.2 во врска со ст. 1 од Кривичниот законик, за кое дело е предвидена казна затвор од најмалку 10 години.

По предлог на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје на осомниченото лице му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.