Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведува истражна постапка по случувањата во Куманово

Скопје, 10 Мај 2015

Во врска со настаните во Куманово, што се случија при спроведување на полициската акција, Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против определен број лица, за сторено кривично дело – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста по чл. 313 од Кривичниот законик.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по примената кривична пријава ги презема сите потребни истражни дејствија согласно закон.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција дополнително ќе ја извести јавноста за преземените дејствија, кои во интерес на истрагата, во моментов не може да ги сподели.

114 total views, 1 views today