Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица за нападот на полицајци во Шуто Оризари

Скопје, 17 Септември 2018

Обвинителството поведе постапка за сторено кривично дело Напад на службено лице при вршење на службата од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик против три лица кои, на 15 септември во населбата Шуто Оризари, при одржување на панаѓур извршиле напад над припадници на полицијата.

Настанот се случил откако полицајците кои вршејќи ја службата, заради зголемена фреквенција на возила, повикале пајак служба. При подигање на едно од непрописно паркираните возила, сопственикот на возилото се упатил кон полицајците и започнал вербална расправија. Потоа влегол во возилото и го придвижил нанапред удирајќи во полицајците. Откако и по вторпат со возилото удрил во полицајците, осомничениот бил изваден од возилото од страна на полициските сили. Во нападот кој бил извршен се вклучиле уште две лица, во блиски роднински врски со возачот на автомобилот. При обидот на полицијата да го спречи нападот, на местото се собрале 30 – 40 лица и започнале вербален, но и физички напад кон полициските структури. Во инцидентот беа повредени неколку лица, меѓу кои шестмина полициски службеници.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежен јавен обвинител за трите лица против кои е поведена постапка предложи определување мерка притвор. По ваквиот предлог се произнесе надлежен суд, кој на тројцата им определи мерки на обезбедување.

49 total views, 1 views today