Соопштенија

Поднесено обвинение за несовесно работење на градоначалник

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, како службено лице – градоначалник на општината Струга,на 31.01.2022 година, ги повредил законските прописи за совесно постапување при именувањето на вршител на должност – директор на општинско основно … Повеќе

Постапка за напад врз медицинска сестра во Струга

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против 52-годишен жител на Велешта за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност од член 304-г став 2 во врска со став 1 од Законот за здравствена заштита. Осомничениот на 29 февруари физички нападнал медицинска сестра на … Повеќе

Дрзок напад врз полициски службеници во Струга

Основното јавно обвинителство Струга поднесе предлог за определување мерка притвор против двајца осомничени од селото Велешта, за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие по член 382 и Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста по член 383 од Кривичниот законик. Двајцата осомничени … Повеќе

Поведена постапка против двајца дилери во Струга и во Тетово

Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. Кај 32-годишниот стружанец полицијата пронашла околу еден килограм марихуана, која ја носел со себе во картонска кутија. … Повеќе

Предложен притвор за осомничен за обид за убиство на полициски началник во Струга

Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 44 години, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 8 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот се обидел да лиши од живот лице кое врши … Повеќе

Стружанец нападнал полицајци во полициска станица, предложен притвор

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против 30-годишник осомничен за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 26 јули, влегол во просториите на ОВР Струга и на полициските службеници започнал да им вика и да … Повеќе

Предложен притвор за лице барано со меѓународна потерница

Основното јавно обвинителство Струга до Основниот суд во Струга достави предлог за определување притвор против 35-годишен државјанин на Република Албанија за кого од 31 мај е издадена меѓународна потерница со барање за апсење од Интерпол Брисел, Белгија. Странскиот државјанин на 22 јули бил лишен од слобода на граничниот премин Ќафасан-Струга. Белгиските власти го бараат за … Повеќе

Двајца возрасни и еден малолетник од струшко осомничени за полови дејствија со деца

Поради основано сомнение дека сториле кривични дела – Силување на дете кое не наполнило 15 години согласно член 188, Прикажување порнографски материјал на дете по член 193 и Задоволување на полови страсти пред друг согласно член 190 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Струга денеска поведе истрага против две лица, на возраст од 56 и … Повеќе

Албански државјанин осомничен за две тешки кражби во Струга

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против 28-годишен државјанин на  Албанија кој илегално престојувал во државава и за кого постои основано сомнение дека сторил две кривични дела – Тешка кражба според член 236 став 1 од Кривичниот законик. На 9 февруари, осомничениот насилно влегол во две куќи во Струга, одземајќи таблет, телефони, накит, два велосипеди … Повеќе

ОЈО Струга оформи три предмети за злоупотреби во Здравствениот дом Вевчани

Основното јавно обвинителство Струга, постапувајќи по поднесена кривична пријава, оформи предмет против едно лице кое е пријавено за кривичните дела – Фалсификување исправа од член 378, Измама од член 247 и Надрилекарство предвидено во член 209 од Кривичниот законик. Пријавениот, иако знаел дека не поседува документација која е потребна за вработување, изготвил лажни исправи – … Повеќе

Расчистен обид за убиство во Велешта, истрага против едно лице

Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1, а во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. На 23 ноември, во Велешта, осомничениот се обидел да лиши од живот лице со кое … Повеќе

Обвинение за несовесно работење на поранешен јавен обвинител

Основното јавно обвинителство Струга до надлежниот суд поднесе обвинение против поранешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид за продолжено кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Обвинетиот, во периодот од 19 ноември 2013 година до … Повеќе

Тројца лекари од Струга обвинети за тешки дела против здравјето на луѓето

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против три лица за кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 3 во врска со член 207 став 1 и 3 од Кривичниот законик. Првообвинетиот како лекар – специјалист гинеколог акушер,  второобвинетиот како лекар – … Повеќе

Обвинение за насипување земја и за загадување на Охридското Езеро

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен акт против четири лица за узурпација на недвижност и загадување на животната средина и природата. Првообвинетиот, на 03.03.2021 година, зазел туѓа недвижност која со член 16 од Законот за сопственост и други стварни права е прогласена за добро во општа употреба, а со членовите 1 и 2 од Законот … Повеќе

Истрага против дилер на марихуана во Струга

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 27-годишен стружанец, во гаражата што ја користи во близина на неговиот дом на улицата „Мислешевски … Повеќе

Поднесено обвинение за професорот од Струга

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против 57 – годишен професор од Струга, за сторено кривичното дело – Насилство од член 386 став 1 во врска со став 3 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 23.12.2021 година околу 13:30 часот, со боксирач удрил ученик на возраст од 18 години. Физичкиот напад следел по претходно влошени  … Повеќе

Предложен притвор за професорот од Струга

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против 57 – годишен професор од Струга, за кого постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело Насилство од член 364 став 1 во врска со став 3 од Кривичниот законик. Осомничениот на 23.12.2021 година околу 12:30 часот, со боксирач удрил во пределот на главата на оштетениот ученик на … Повеќе

Двајца осомничени за напад врз полициски службеници во Струга

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против две лица за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајцата браќа од струшко Велешта, на возраст од 24 18 години, на 15 јуни … Повеќе

Парични казни за девет лица од Скопје обвинети за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно девет лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, во различни кривично-правни настани не го почитувале полицискиот час, па за време на забраната определена со прописите … Повеќе

Обвинение за гинекологот од Струга кој даваше здравствени услуги без дозвола за работа

Основното јавно обвинителство Струга денеска до надлежниот суд достави Обвинителен акт против 54 – годишен жител на Струга, кој го сторил кривичното дело – Давање здравствени услуги без дозвола за работа  од член 304 – а од Законот за здравствена заштита. Како здравствен работник  – доктор специјалист по гинекологија и акушерство, обвинетиот давал здравствени услуги … Повеќе