Средба Коцевски-Гир

Средба Коцевски-Гир

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски на денешната средба со Амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир и претставници на Делегацијата на ЕУ во земјава се заблагодари за поддршката која Европската унија ја дава за јавното обвинителство и правосудството во нашата земја. Тој ги презентираше тековните состојби во Јавното обвинителство и приоритетите од програмата за … Повеќе

Новоназначениот обвинител за следење на предметите во ОЈО Скопје поврзани со безбедност на новинарите на регионална конференција во Белград

На регионалната конференција „Нова борбена линија: Соработка за унапредување на безбедноста на новинарите во Југоисточна Европа“, што се одржува денеска во Белград, во организација на ОБСЕ и под покровителство на Европската унија, учествува јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје Дејан Петрески. Петрески, кој од неодамна е назначен за јавен обвинител задолжен да ги следи … Повеќе

Коцевски го посети Истражниот центар на ОЈО Скопје

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се запозна со резултатите од работата и организацијата на Истражниот центар во Основното јавно обвинителство Скопје во кој во моментов работат вкупно 17 истражители специјализирани за истражување на различни видови криминал. Истражниот центар прераснува во своевидно јадро на обвинителството и бројот на предмети во кои постапувале … Повеќе

Се проверува евентуална поврзаност на два кривично-правни настани во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во близина на Блаце, каде беше пронајдено безживотно тело на маж со прострелни рани. При увидот подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, а јавниот обвинител даде насоки да се извршат проверки … Повеќе

Обвинение за труење кучиња во Неготино

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен предлог против 62-годишен жител на Неготино за кривични дела – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1, како и Мачење животни според член 233 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 08.01.2023 на улицата “Индустриска” во Неготино, со намера да усмрти кучиња, истурил течен отров помешан со храна. … Повеќе

Коцевски: Здружението на јавните обвинители – активен партнер во реализација на приоритетите

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се обрати на Годишното собрание на Здружението на јавните обвинители, и изрази поддршка за работата на оваа организација во која членуваат јавни обвинители и стручни јавнообвинителски службеници. „Највисоко на мојата агенда ќе ги поставам гаранциите за вашата независност и самостојност во постапувањето. Ќе барам резултати, но … Повеќе

Коцевски одржа работна средба со раководителите на основните и вишите јавни обвинителства

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска одржа работна средба со шефовите на сите основни и виши јавни обвинителства, на кои им ги презентираше приоритетите од програмата за својот шестгодишен мандат. Со особен акцент на транспарентноста и отчетноста, како основ за јакнење на самостојноста на јавните обвинители во постапувањето и за враќање на … Повеќе

Опожарен автомобил на јавен обвинител

Во текот на вчерашниот ден во Прилеп намерно е опожарен приватниот автомобил на основната јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство Прилеп Марјана Илиеска. Веднаш по настанот извршен е увид на лице место. Обезбедени се траги и докази и се преземаат дејствија за откривање на сторител на кривичното дело. Според првичните сознанија, за сега непознати сторители … Повеќе

Истрага за двојно убиство и обид за убиство во кумановско

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела – Убиство од член 123 став 1, како и еден обид за убиство. Осомничениот 67-годишник, на 21 февруари во кумановското село Габреш, имал расправија, со двајцата внуци од неговата сестра. На расправијата … Повеќе

Средба Коцевски – Грковска

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска одржа работна средба со Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска. Грковска упати честитки до Коцевски за неговиот избор на челната позиција во Обвинителството и му посака успех во вршењето на функцијата и во исполнувањето на очекувањата на граѓаните и … Повеќе