Соопштенија

Прилепското обвинителство ја расчистува сообраќајната незгода во која животот го загуби едно лице

Сообраќајната незгода се случи во Прилеп меѓу товарно возило со скопски регистарски таблици  и патничко моторно возило со битолски регистарски таблици. При тоа на лице место настрадал возачот на патничкото моторно возило, четириесет и седум годишен битолчанец.
Веднаш по сообраќајната незгода извршен е увид на лице место од страна на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп. Согласно законските прописи дадени се наредби за прибирање докази и вршење на обдукција.