Соопштенија

Во Тетово две лица обвинети за непочитување на полицискиот час

Oсновното јавно обвинителство Тетово, постапувајќи по поднесени кривични пријави, поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Двајцата обвинети, во одвоени случаи на 12 и 13 април, биле затекнати како се движат во градот за време на полицискиот час, со што не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.

Јавниот обвинител на Основниот суд Тетово му предложи на лицата да им бидат изречени парични казни од по 100 дневни глоби.