Соопштенија

Беровското обвинителство обвини шест лица за непостапување според здравствените прописи

Денеска Основното јавно обвинителство Берово до Основен суд Берово поднесе три предлози за издавање казнен налог против вкупно шест лица за три одделни кривично правни настани за прекршување на забраната за движење на 10 и 11 април 2020 година. Обвинетите за време на епидемијата на опасната заразна болест COVID-19 не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување – Одлуката за дополнување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија донесена на 36-та седница на Владата на Република Северна Македонија со која се забранува движење на населението на целата територија на државата, започнувајќи од петок во 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник,

Заради стореното кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, јавниот обвинител му предложи на надлежниот суд на секој од обвинетите да му изрече парична казна во висина од 50 до 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од 10 до 20 евра во денарска противвредност.