Соопштенија

Еден осомничен за недозволено држење оружје и муниција

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на возраст од 38 години, во својот дом на улица „Дижонска“ во Скопје, неовластено држел огнено оружје – револвер без фабрички број и шест куршуми во него. Револверот бил пронајден и одземен денеска при претрес во домот на осомничениот.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради опасност од бегство и можност тој да го повтори делото.