Соопштенија

Соопштение

Јавниот обвинител Ислам Абази се заблагодарува на довербата што Советот на јавните обвинители му ја укажа, назначувајќи го за член на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Абази ќе достави барање до Советот на јавните обвинители да го повлече предлогот за негово назначување во Управниот одбор.

„Како што истакнав  и во моето првично обраќање до јавноста, мојата сопруга во моментов е слушател на Академијата за судии и јавни обвинители. Со оглед на тоа што таа е пред завршување на Академијата, не сакам да падне било каков сомнеж  во објективноста при спроведувањето на завршниот испит и оценувањето. Затоа се откажувам од членувањето во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители и барам Советот да ја измени одлуката “ – истакнува Абази во барањето што ќе го достави до Советот на јавните обвинители.