Во врска со настаните во Куманово, што се случија при спроведување на полициската акција, Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против определен број лица, за сторено кривично дело – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста по чл. 313 од Кривичниот законик.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по примената кривична пријава ги презема сите потребни истражни дејствија согласно закон.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција дополнително ќе ја извести јавноста за преземените дејствија, кои во интерес на истрагата, во моментов не може да ги сподели.