Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска се спогоди со шестмина од обвинетите кои ја признаа вината во случајот познат во јавноста како „Ќелија“.
Шестмината обвинети за сторено кривично дело „Учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“ од член 322-а од Кривичниот законик се спогодија да им се изрече казна затвор и тоа:
– на обвинетиот Р.М., обвинет за кривичното дело од член 322-а ст.1, казна затвор во траење од седум години;
– на обвинетиот А.Д., обвинет за кривичното дело од член 322-а ст.1, ст.2 и ст.6, казна затвор во траење од пет години и шест месеци;
– на обвинетиот Ф.С., обвинет за кривичното дело од член 322-а ст.3 и ст.4, казна затвор во траење од пет години;
– на обвинетиот Р.С., обвинет за кривичното дело од член 322-а ст.1 и ст.3, казна затвор во траење од пет години;
– на обвинетиот С.Е., обвинет за кривичното дело од член 322-а ст.1 и ст.2, казна затвор во траење од пет години и
– на обвинетиот М.Ш., обвинет за кривичното дело од член 322-а ст.3 и ст.4, казна затвор во траење од пет години.
Основниот суд Скопје 1 – Скопје ги верификуваше спогодбите и донесе пресуди за истите, по што пристапи кон оценување на Обвинителниот акт за останатите обвинети во овој случај за што јавноста ќе биде навремено информирана.