Соопштенија

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против шест лица обвинети во предметот познат во јавноста како „Еразмус"

По сеопфатно спроведената истражна постапка и прибрани докази во предметот, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе Обвинителен акт против шест лица осомничени во предметот „Еразмус“.

Обвинителството ги товари обвинетите врз основа на докази што го потврдуваат основаното сомневање дека во повеќе наврати во подолг временски период, односно во текот на 2015 и 2016 година како лица вработени на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, искористувајќи ја својата положба сториле кривични дела. Обвинетите Б.Ш и С.Р се товарат за сторено кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст.1, лицето Д.Ј. се обвинува дека сторило кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст.1 и Примање награда за противзаконито влијание од чл.359 ст.2 од Кривичниот законик. Обвинетите Љ.Ј. и С.Д. се товарат за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.1 од Кривичниот законик. Со обвинителниот акт се обвинува и лицето Д.Д. за сторени три кривични дела- Давање поткуп од чл.358 ст.1 од Кривичниот законик.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја запре истражната постапка за лицето Т.Ф. ценејќи дека нема докази кои потврдуваат дека осомничениот го сторил кривичното дело.