Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица изврши увид во гаража на Основниот суд во Струмица каде попладнево избувна пожар. Според првичните сознанија, опожарено е едно службено возило на судот, како и предмети одземени со правосилни судски пресуди донесени пред повеќе години.
Во насока на утврдување на причините за пожарот, издадена е наредба за прибирање на траги од лице место, како и за прегледување на снимките од видео надзорот над објектот.