Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.
При претрес во домот на осомничениот во Кичево, во подрумска просторија на улицата „Мехмед Мехмеди“, биле пронајдени 1.309,27 грама наркотична дрога – марихуана, завиткана во повеќе најлонски и мали зипер вреќички. Од осомничениот била одземена и дигитална вага.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар достави и Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.