Некатегоризирано

Јовески се сретна со претставници на ИПА/2017 Проектот за борба против сериозен криминал во Западен Балкан

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и обвинителот за врска со Eurojust Ленче Ристоска остварија средба со Ерик Винкен, проект менаџер на ИПА/2017 Проектот за борба против сериозен криминал во Западен Балкан и со членовите на делегираниот проектен тим за земјава.

На средбата се разговараше за неодамнешните активности и идните можности за соработка меѓу Проектот и институциите во Република Северна Македонија. Притоа, претставниците на Проектот истакнаа дека работата на одделни случаи и назначувањето на обвинител за врска со Eurojust ќе продолжи да се поддржува преку овој проект. Досегашната соработка меѓу Проектот и Јавното обвинителство на Република Северна Македонија беше признаена како огромен успех од двете страни.

Јовески ја нагласи важноста на поддршката од ИПА/2017 Проектот за борба против сериозен криминал во Западен Балкан и особено ги истакна можностите што ги нуди овој проект во сферата на меѓународната обвинителска соработка.