



ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Република Северна Македонија
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против двајца албански државјани за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Обвинетите како соизвршители, на 24.09.2019 година, од возило Фолксваген пасат со гевгелиски регистарски ознаки, паркирано во гаражите на еден трговски центар во Скопје, … Повеќе
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, на возраст од 20 години, поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, во својот дом во Арачиново, … Повеќе
Основното јавно обвинителство Скопје против тројца турски државјани поднесе Обвинителен предлог за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Тројцата обвинети, на 22 јануари, при влез на државната граница од Република Косово, на граничниот премин Долно Блаце, употребиле како вистински лажни јавни исправи – … Повеќе
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот Кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против косовски државјанин кој се товари дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 31 јануари, во просториите на Казнено-поправната установа … Повеќе
Наредби за спроведување истражна постапка донесе Основното јавно обвинителство Кавадарци во два одделни предмети против две лица, 43-годишен неготинец и 30-годишен жител на с. Корешница, Демир Капија, поради основано сомнение дека го извршиле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот … Повеќе
Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен предлог против 53-годишна жителка на Кавадарци и против правното лице Друштво за услуги и трговија ПАКО-ПРОМ Пане ДООЕЛ увоз – извоз Ваташа – Кавадарци за сторено кривично дело – Точење алкохолни пијалоци на дете од член 204 од Кривичниот законик. Обвинителството утврди дека обвинетата, вработена во обвинетото правно лице, … Повеќе
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против државјанка на Република Турција со привремен престој во Гостивар поради основано сомнение дека се обидела да стори кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик. На 19 февруари, по претходна расправија, осомничената 24-годишна девојка со … Повеќе
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска оствари средба со претседателот на Европравда Ладислав Хамран. На средбата присуствуваа и јавни обвинители од ЈОРСМ , како и јавниот обвинител за врска на Република Северна Македонија во Европравда Ленче Ристоска. На средбата со Хамран, кој воедно е национален член на Република Словачка во Европравда, беше … Повеќе
Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно 25-годишно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 18 февруари, во својот дом неовластено заради продажба држел … Повеќе
Во поглед на наводите на техничкиот министер на Министерството за внатрешни работи, кои беа изнесени на 19.02.2020 година, а се однесуваат на одржаната седница на Владата на РСМ на 15.02.2020 година и на донесената одлука за поништување на решенијата донесени од техничкиот министер на Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста … Повеќе
Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен акт против жител на Неготино на возраст од 24 години поради сторено кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 од Кривичниот законик. На обвинетиот му се става на товар дека на 26.12.2019 година околу 08.00 часот со маска на глaвата влегол од споредниот заден влез во казино … Повеќе
Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против три лица, албански државјани, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Тројцата, од почетокот на месецов, набавиле … Повеќе
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 24.11.2019 година, го скршил предното стакло од возачката врата на автомобил „Мицубиши“, сопственост на АД МЕПСО, паркирано пред станбена зграда на булеварот „Јуриј Гагарин“ во Скопје. Од … Повеќе
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Изнуда од член 258 став 1, како и Обвинителен предлог против друго лице кое се товари за кривично дело – Лихварство од член 260 став 1 од Кривичниот законик. Вториот обвинет, на возраст од 25 години, на почетокот … Повеќе
Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против две лица кои се товарат дека како соизвршители сториле кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст. 1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик. На 23.12.2019 година, во ресторан на булеварот „Филип Втори Македонски“ во Скопје, двајцата обвинети како службени лица – … Повеќе
По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица, на возраст од 45 и 19 години, кои се товарат за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинението е поднесено против мајка и ќерка, … Повеќе
Вчера околу 19.00 часот, со експлозивна направа е предизвикан пожар во помошна просторија од семејна куќа на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево. Експлозијата оштетила патничко моторно возило „Сеат леон“ кое било паркирано во просторијата и е во сопственост на јавниот обвинител. Пред повеќе од еден месец, гумите на истото возило беа со нож … Повеќе
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Република Чеченија, Руска Федерација, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 35-годишник, од засега непознато лице, купил … Повеќе
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетата се товари дека како службено лице – директор на Агенцијата за филм, во периодот од 21.01.2016 до 14.06.2017 година, со искористување … Повеќе