Починат градежен работник во Кавадарци, извршен увид на лице место

Починат градежен работник во Кавадарци, извршен увид на лице место

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место на градилиште за изградба на приватен објект, каде било пријавено починато лице кое работело како градежен работник. Со цел утврдување на причините за смртта, дежурниот јавен обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот. Исто така, издадени се усни наредби за обезбедување … Повеќе

Истрага за осомничен за повеќе разбојништва во Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил три кривични дела – Разбојништво согласно член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 11.04.2022 година маскиран влегол во аптека на улицата „Солунска“ и на вработената и се заканил … Повеќе

Поведена постапка за повеќемесечно семејно насилство во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против едно лице на возраст од 21 година, за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело – Противправно лишување од слобода согласно 140 став 2 во врска со став 1 … Повеќе

Истрага за силување на дете во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години, согласно член 188 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 19-годишник, на 12 април, во близина на маркет кај старите згради на Државниот универзитет во Тетово, … Повеќе

Постапка против анестезиолог од Тетово за неовластено снимање пациенти

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против едно лице за кривични дела – Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.2 во врска со ст.1, како и Неовластено снимање според чл.152 ст.2 од Кривичниот законик. Осомничениот, како службено лице – анестезиолог вработен во ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, на 14 април неовластено направил снимка од пациенти … Повеќе

Истрага против лице кое пренесуваше марихуана во автомобил на скопската обиколница

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен жител на селото Грчец, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. Полициски службеници, во вечерните часови … Повеќе

Откриен кокаин кај кумановец, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес извршен на 12 април во куќата на осомничениот на улицата … Повеќе

Предложен притвор за осомничен за задоволување полови страсти пред деца

Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна постапка против 61-годишно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело – Задоволување на полови страсти пред друг од член 190 став 3 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Основаното сомнение дека пријавениот го сторил кривичното дело произлегува од обезбедените докази, вклучително и вербални искази на … Повеќе

ОЈО Битола поведе истрага против дилер на хероин 

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик. За 37-годишниот битолчанец беа обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека од февруари годинава во повеќе наврати неовластено држел и … Повеќе

Истрага за убиство во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 44-годишник, на 31 март, во казино на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје со умисла лишил од живот едно лице. Осомничениот, жртвата … Повеќе

Средба Јовески – Грковска

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска одржа работна средба со Заменичката на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска. На средбата беа презентирани активностите што ги реализира Јавното обвинителство во спроведувањето на сите стратешки документи чија цел е зголемена ефикасност во постапувањето и ефикасната … Повеќе

Предизвикал пожар во сопствената и во куќата на брат му – истрага против жител на тетовско Мерово

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – Тешки дела против општата сигурност согласно член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. На 9 април, осомничениот 57-годишник, намерно иницирајќи пожар во куќи во селото Мерово, предизвикал … Повеќе

Интервју на Јавниот обвинител на РСМ Љубомир Јовески на „Топ тема“ – ТВ Телма

Борбата против организираниот криминал и корупцијата, довербата во правосудството и актуелните прашања за работата на Јавното обвинителство беа во фокусот на интервјуто на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубоир Јовески за емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

Истрага за неовластено изнесување марихуана од фабрика за одгледување канабис

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца македонски и еден албански државјанин осомничени за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Албанскиот државјанин, основач на правно лице – фабрика … Повеќе

Притвор за три лица за недозволена трговија со марихуана

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица на кои им се става товар дека како соизвршитечли сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените, на возраст од … Повеќе

Скопјанец под истрага за разбојништво

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување постапка против едно лице на возраст од 74 години, за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Разбојништво од член член 237 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот делото го сторил во соизвршителство со три деца на возраст од 15, 13 и … Повеќе

Татко осомничен за запуштање и малтретирање на 14-годишната ќерка

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 45 – годишен државјанин на Босна и Херцеговина со привремен престој во Скопје за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Запуштање и малтретирање дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од септември 2022 до 28 март годинава, со грубо запоставување на … Повеќе

Скопјанец осомничен за поседување автоматска пушка и неколку пиштоли

Основнoто јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот 41-годишен скопјанец, на 4 април, полициски службеници пронашле … Повеќе

Поведена истрага против измамничка која лажно нудела работни визи за Германија

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Измама согласно член 247 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Осомничената, во периодот од март 2022 до март годинава, прикажувајќи се како вработено лице во Германската амбасада … Повеќе