Италијански државјанин обвинет за поседување дрога

Италијански државјанин обвинет за поседување дрога

Обвинителен акт против едно лице поднесе Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 17 мај, на Меѓународниот аеродром Скопје, при личен преглед на обвинетиот 38-годишен државјанин на Република Италија, во неговата патна торба … ПовеќеИталијански државјанин обвинет за поседување дрога

Постапки за непочитување на полицискиот час во Велес

Основното јавно обвинителство Велес до Основен суд Велес поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од чл.206 од Кривичниот законик. Обвинетите го нарушиле полицискиот час, односно за време на важечката забрана определена како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот се … ПовеќеПостапки за непочитување на полицискиот час во Велес

Обвинение за насилство против едно лице

Обвинителен предлог против 32-годишен жител на селото Дуф поднесе Основното јавно обвинителство Гостивар. Лицето се товари за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 23 февруари во Вруток, обвинетиот извршил грубо насилство и телесно повредил едно лице, додека кај останатите присутни граѓани предизвикал чувство … ПовеќеОбвинение за насилство против едно лице

Поведена постапка за непочитување на полицискиот час во Скопје

За кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, надлежен јавен обвинител поднесе предлог за издавање казнен налог против две лица. На 28 април двајцата обвинети биле затекнати како се движат по улицата „Методија Митевски“ во Скопје за време на важечкиот полициски час, со … ПовеќеПоведена постапка за непочитување на полицискиот час во Скопје

Обвинение за кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 54-годишник, на 19 мај, на автобуската постојка кај Зелен пазар во Скопје, одзел паричник во кој имало пари, банкарски картички и други документи, со што на едно лице му нанел вкупна … ПовеќеОбвинение за кражба во Скопје

Гостиварец обвинет за обид за силување

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. На 27 април, 41-годишниот гостиварец со употреба на сила се обидел да принуди на обљуба една оштетена. Ја нападнал додека таа чистела во својот дом … ПовеќеГостиварец обвинет за обид за силување

Јовески и Русковска на средби во бугарското обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска во Софија се сретнаа со Главниот обвинител на Обвинителството на Република Бугарија Иван Гешев. Двете страни на средбата ги разгледаа прашањата од заемен интерес, особено поврзани со соработката во кривичните … ПовеќеЈовески и Русковска на средби во бугарското обвинителство

Скопјанка обвинета за употреба на фалсификуван негативен тест за коронавирус

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против 31-годишна скопјанка за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетата, на 5 мај, на шалтер за проверка на пасошите на Меѓунарoдниот аеродром Скопје, прикажала фалсификувана исправа – медицински сертификат … ПовеќеСкопјанка обвинета за употреба на фалсификуван негативен тест за коронавирус

Предложени парични казни за непочитување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 15 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, во различни кривично-правни настани, постапиле спротивно на прописите со кои се определуваат мерки за превенција на коронавирусот. Имено, тие биле затекнати … ПовеќеПредложени парични казни за непочитување на полицискиот час во Скопје

Обвинение поради хероин скриен во ретровизор

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на возраст од 57 години, на 28 април неовластено … ПовеќеОбвинение поради хероин скриен во ретровизор

Петмина албански државјани обвинети за нарушување на полицискиот час во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против петмина државјани на Република Албанија за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. На 25 мај, во 1 часот по полноќ, биле затекнати како со автомобил се движат кај местото викано Горна Локва над селото … ПовеќеПетмина албански државјани обвинети за нарушување на полицискиот час во Гостивар

Жител на Добридол обвинет за нелегално приредување игри на среќа

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се гони за кривично дело – Приредување игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган од член 156 став 3 од Законот за игри на среќа и забавните игри. Обвинетиот 33-годишник, во деловен објект лоциран во семејната куќа во сопственост на неговиот … ПовеќеЖител на Добридол обвинет за нелегално приредување игри на среќа

Двајца обвинети за употреба на фалсификувани пари во Гостивар

Обвинителен акт против едно лице за продолжено кривично дело – Фалсификување пари од член 268 став 1 во врска со член 45 поднесе Основното јавно обвинителство Гостивар, додека уште едно лице се товари за помагање при извршување на истото кривично дело. Првообвинетиот, во три наврати во текот на септември 2020 година, во продавници, аптеки и … ПовеќеДвајца обвинети за употреба на фалсификувани пари во Гостивар

Жител на Скудриње обвинет за узурпација на недвижност во државна сопственост

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Узурпација на недвижност, согласно член 225 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 45-годишник, на местото викано Осој во атарот на селото Скудриње, во близина на регионалниот пат од Ростуше кон Дебар, зазел во владение земјиште во … ПовеќеЖител на Скудриње обвинет за узурпација на недвижност во државна сопственост

Родители со закани сакале да спречат синот да биде казнет за неносење маска, побарана условна осуда

Против две лица на возраст од 40 и 43 години Основното јавно обвинителство Битола поднесе предлог за издавање казнен налог за кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 20.10.2020 година, на пазарот во Битола, двајца полициски службеници … ПовеќеРодители со закани сакале да спречат синот да биде казнет за неносење маска, побарана условна осуда

Предложени парични казни за непочитување на полицискиот час во Битола

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапки и поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 12 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, во различни временски периоди и на различни локации биле затекнати при непочитување на прописите со кои како … ПовеќеПредложени парични казни за непочитување на полицискиот час во Битола

Скопјанец обвинет за употреба на фалсификуван негативен тест на коронавирус

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 38-годишник од Скопје, на 14 мај, на граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје се обидел да оствари излез од државава тако што прикажал … ПовеќеСкопјанец обвинет за употреба на фалсификуван негативен тест на коронавирус

Тројца обвинети за нарушување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите постапиле спротивно на прописите со кои се определуваат мерки за превенција на коронавирусот, па за време на важечкиот полициски … ПовеќеТројца обвинети за нарушување на полицискиот час во Скопје

IN MEMORIAM

Во Скопје денеска, на 73-годишна возраст, почина Коста Петровски, поранешен јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Петровски беше роден на 16.11.1947 година во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1971 година. Во 1976 година беше избран за заменик јавен обвинител во Општинското јавно обвинителство Скопје, а од 1985 до 1989 … ПовеќеIN MEMORIAM

Поведени постапки за употреба на фалсификувани ПЦР тестови

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапки против две лица за кривично дело  – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик. За еден од обвинетите до Основниот кривичен суд Скопје поднесен е обвинителен предлог, додека за другиот – предлог за издавање казнен налог со кој се предлага парична казна од … ПовеќеПоведени постапки за употреба на фалсификувани ПЦР тестови