Обвинение и предлози за парични казни за непочитување на полицискиот час во Скопје

Обвинение и предлози за парични казни за непочитување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице со двојно македонско и канадско државјанство заради кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот зкаоник. Обвинетиот 52-годишник без постојано живеалиште во Скопје, на 11 април, за време на важечки полициски час, со автомобил се … Повеќе

Поведени постапки за употреба на фалсификувани потврди за ПЦР тест на скопскиот аеродром

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 72-годишен државјанин на Република Турција кој се товари дека извршил кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик. На 9 април, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, обвинетиот употребил како вистинска лажна исправа – медицински сертификат за негативен … Повеќе

Поднесено обвинение за даночно затајување

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за кривично дело – Даночно затајување според член 279 став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од 2014 до 2018 година, обвинетиот во својство на физичко лице, одбегнувал плаќање на персоналниот данок на доход. Иако во наведениот период … Повеќе

Постапка за непочитување на задолжителната изолација во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 42-годишник од село Неготино, Врапчиште, на кого со Решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат му била определена задолжителна домашна изолација … Повеќе

Побарани парични казни за непочитување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица заради сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, во два одвоени кривично-правни настани, биле затекнати при непочитување на важечкиот полициски час, определен како мерка за сузбивање на опасна … Повеќе

Поведена постапка против скопјанец фатен со дрога на „Блаце“

Наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишен скопјанец донесе Основното јавно обвинителство Скопје, поради основано сомнение дека тој сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори  од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 11 април, при влез во државава на граничниот премин “Блаце”, … Повеќе

Истрага против прилепчанец за поседување на хероин

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против триесетгодишен прилепчанец за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот во текот на вчерашниот ден неовластено заради продажба држел наркотична дрога – хероин во вкупна … Повеќе

Обвинение за тешка кражба во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешка кражба согласно член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 47-годишник, на 28 март, со провалување во патничко моторно возило Ауди на булеварот „Никола Карев“ зад полициската станица „Бит Пазар“ одзел пари, банкарски картички, две … Повеќе

Постапка против седум лица во Скопје за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против седум лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од 1 до 6 април, обвинетите биле затекнати како се движат на различни локации во градот без да поседуваат дозвола … Повеќе

Поднесено обвинение за илегална спортска обложувалница во гостиварско Добридол

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против две лица кои се гонат за кривично дело – Приредување игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган од член 156 став 3 во врска со член 53 став 3 од Законот за игри на среќа и забавните игри. Обвинетите, во текот на месец декември … Повеќе

Поведена истрага против дилер од Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 7 април, во домот на осомничениот 31-годишен скопјанец на улица „Метохиска“ биле пронајдени 226,89 грама марихуана … Повеќе

Обвинение поради запален автомобил во Сарај

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело –  Тешки дела против општата сигурност по чл.292 ст.1 во врска со чл.288 ст.1 и во врска со член 12 став 2 од Кривичниот законик. На 10 февруари, во раните утрински часови, во состојба на битно намалена пресметливост поради хронична психичка болест, … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска одржа онлајн состанок со јавните обвинители на јавните обвинителства во Република Северна Македонија. Тема на состанокот беше последниот извештај на Стејт департментот за состојбата со човековите права во 2020 година, во кој во делот за Република Северна Македонија се нотира пречекорување на роковите за истраги. Јавниот … Повеќе

За 11 лица поведена постапка за злоупотреби при издавањето пасоши

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе две кривични пријави – едната од Единицата за финансиски криминал при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал-Сектор за криминалистички истраги и втората од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. Со пријавите се опфатени вкупно 11 лица за кривично дело – … Повеќе

Јовески за ДВ: Ќе бидат санкционирани субјективните слабости кај обвинителите

Ќе побарам податоци за ефикасноста на секој обвинител, а од раководителите на обвинителствата ќе слушнам и предлози за надминување на состојбите констатирани од Стејт департментот, вели Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески во интервју за Дојче Веле, програмски сервис на македонски јазик. Интервјуто го пренесуваме интегрално. Кога станува збор за состојбите во македонското … Повеќе

Предложени парични казни за шестмина непочитувачи на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против шест лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Во издвоени кривично-правни настани, при контроли направени во периодот од 11-18 март на различни локации во градот, … Повеќе

IN MEMORIAM

По кратко боледување, денеска во Скопје, на 60-годишна возраст, почина Марко Зврлевски, поранешен Јавен обвинител на Република Македонија. Зврлевски беше роден на 04.12.1960 година во Дебар. Основно и средно образование завршува во Скопје. Дипломираше на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во  Скопје. Работното искуство го започна при Македонската академија на … Повеќе

Двајца обвинети за насилство во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица за кривично дело – Насилство согласно член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. На 20 февруари, во просториите на угостителски објект на булеварот „Илинден“, малтретирале, грубо навредиле и им ја загрозиле сигурноста на двајца оштетени, а кај … Повеќе

Кавадаречкото обвинителство поднесе обвинение за полов напад врз деца

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години според член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Обвинетиот 41-годишник, на точно неутврдени датуми во 2020 година, во куќа во Росоман, во повеќе наврати извршил полови дејствија … Повеќе

Еден обвинет за кражба на 50 евра

Обвинителен предлог за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 од Кривичниот законик поднесе Основното јавно обвинителство Гостивар против 20-годишно лице од село Чегране. На 07.09.2020 година, една оштетена купила овошје на улица „Илинденска“ во Гостивар и го замолила обвинетиот да и помогне да ги однесе ќесите до пунктот каде што се … Повеќе