Поднесено обвинение за убиство при вршење семејно насилство

Поднесено обвинение за убиство при вршење семејно насилство

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 во врска со член 12 став 2 од Кривичниот законик. Обвинетиот, во состојба на битно намалена пресметливост предизвикана од психичко нарушување и зависност од опијати, при вршење семејно насилство, … Повеќе

Две лица под истрага за разбојништво во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик. На 27 ноември осомничените дошле пред простории на финансиско друштво … Повеќе

Отворен ден на Јавното обвинителство за студентите на Правниот факултет во Скопје

Јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје денеска го одржаа првиот Отворен ден на Јавното обвинителство за студентите од Правниот факултет во Скопје. Обвинителите Даниел Коцев, Наташа Гоџоска, Фатон Азизи и Наташа Сарамандова на виртуелната презентација ја претставија работата на Јавното обвинителство, но споделија и корисни информации за правата и обврските на граѓаните во кривичната постапка. … Повеќе

Отфрлена кривична пријава за повреда на авторско право и пиратерија

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава поднесена од пет македонски телевизии против едно физичко лице и едно правно лице за кривични дела – Повреда на авторско право и сродни права од член 157 и Пиратерија на аудиовизуелно дело од член 157-б од Кривичниот законик. Одлуката е донесена бидејќи пријавените дела … Повеќе

Еден обвинет за обид за полов напад врз 10-годишно девојче во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 70 години, кое се товари за кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години согласно член 188 став 1 во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 7 октомври, на улицата „Индира Ганди“ во Скопје, … Повеќе

Предложени парични казни за организација на масовни собири во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против три физички и едно правно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик. Првите двајца обвинети, татко и син од Скопје, на 13 септември во дворот на семејната куќа организирале приватен собир – … Повеќе

За фалсификување исправа обвинет албански државјанин

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 28-годишен државјанин на Република Албанија, кој се гони за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 6 ноември, на Меѓународниот аеродром Скопје, при чекирање на билетот, лажна исправа употребил како вистинска. Тој искористил лажен француски … Повеќе

Скопското обвинителство поведе истрага за извршени разбојништва

Наредба за спроведување истражна постапка донесе Основното јавно обвинителство Скопје денеска против 30-годишен државјанин на Република Италија со жителство во Скопје, за кого постои основано сомнение дека сторил четири кривични дела – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1, како и еден обид за разбојништво согласно член 237 став 4 во … Повеќе

Обвинение за поседување оружје во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 30-годишник, на 30 октомври, во неговиот дом на улица „Методија Андонов Ченто“, неовластено држел пиштол V.BERNADELLI GARDONE V.T. со калибар 7,65 … Повеќе

Притвор за скопјанец кај кого беа пронајдени марихуана, екстази и амфетамин

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во домот на осомничениот 37-годишник, на улица „Народен фронт“, при претрес … Повеќе

Албански државјанин обвинет за фалсификување исправа

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против 22-годишен државјанин на Република Албанија за кривично дело – Фалсификување исправа според член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот употребил лажна исправа како вистинска, односно при излез од земјава, во авион на авиокомпанијата Визер за Лондон, … Повеќе

Побаран притвор за дилер кој криел дрога во својот автомобил

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 13 ноември, во своето возило Субару форестер неовластено заради … Повеќе

Истрага за недозволено поседување марихуана во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 29-годишен скопјанец кој е осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 12 ноември во својот дом на улица „Михаил Чаков“, неовластено заради продажба … Повеќе

Потврдено решението за отфрлање на кривичната пријава за лекарска грешка во случајот со пациентот Булент Ибрахим

Вишото јавно обвинителство Скопје донесе Решение со кое ја одби како неоснована жалбата на семејството на починатиот Булент Ибрахим и го потврди донесеното Решение на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје за отфрлање на кривичната пријава против три физички и две правни лица за кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од … Повеќе

Обвинение за извршител на неколку кражби во Скопје

Обвинителен предлог против едно лице за сторени четири кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1, како и едно кривично дело – Кражба според член 235 став 1 од Кривичниот законик поднесе денеска Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд. Обвинетиот 21-годишен скопјанец, на 17 октомври, насилно провалил во просториите на … Повеќе

Обвинение за тешка кражба од автомобил на Средно Водно

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. На 10 ноември, обвинетите, заедно со уште едно малолетно лице, од патничко моторно возило „Јагуар“ со српски регистарски ознаки, паркирано на паркинг-просторот на Средно … Повеќе

Скопјанец осомничен за родосквернавење

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 62-годишен скопјанец, осомничен за кривично дело – Родосквернавење од член 194 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 9 ноември во неговиот дом, започнал да консумира алкохол, по што се нафрлил и извршил обљуба врз неговата ќерка. Оштетената се противела и … Повеќе

Предложена парична казна за симнување службен печат од локал во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице заради сторено кривично дело – Симнување и оштетување на службен печат или знак според член 389 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 2 ноември, во деловните простории на правен субјект на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, … Повеќе

Скопјанец обвинет затоа што во бункери криел арсенал оружје, муниција и дрога

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека ги сторило кривичните дела – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1, како и Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според … Повеќе

Едно лице обвинето за убиство на свиреп начин

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против 21-годишен скопјанец за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Обвинетиот, заедно со уште две лица за кои постапката беше радвоена и за кои веќе е донесена првостепена пресуда на … Повеќе