Информација за предмети во основните јавни обвинителства по член 205 или 206 од КЗ

Информација за предмети во основните јавни обвинителства по член 205 или 206 од КЗ

Збирна информација за предмети во основните јавни обвинителства по член 205 или 206 од Кривичниот законик, како и по пријави за непочитување на мерки за спречување или сузбивање на опасна заразна болест – коронавирус COVID 19. Датум на ажурирање на податоците:  22.07.2020 година ИНФОРМАЦИЈА АЖУРИРАНА ДО 22.07.2020 ГОДИНА  

Предлог за парични казни за 14 лица во Скопје заради непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 14 лица обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, во одвоени кривично-правни настани, не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим … Повеќе

Скопјанец обвинет за убиство при семејно насилство

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Убиство по член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 10 мај во раните утрински часови, во куќа на улицата „Перо Наков“,при вршење семејно насилство, со умисла лишил од живот жена со која живеел … Повеќе

Двајца осомничени за недозволено држење пиштоли и муниција во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле по едно кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Првиот осомничен, 26-годишник од селото Ласкарци, на 20 … Повеќе

Шестмина во Скопје обвинети за прекршување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против шест лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Сите обвинети не постапиле согласно донесената Одлука за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, па за … Повеќе

Постапка против едно лице во Битола заради непочитување на задолжителната домашна изолација

Основното јавно обвинителство Битола поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетата 34-годишна битолчанка не постапила по Решението на Државниот здравствен и санитарен инспекторат – Сектор за инспекциски надзор ПО Битола, со кое … Повеќе

Извршен увид на местото на тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп, заедно со екипа на крим-техника од МВР ОВР Прилеп, извршија увид на патот Прилеп – Битола, каде вчера во попладневните часови се случи сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот, а едно беше потешко повредено. Според првичните сознанија, во несреќата учествувале три возила – Фиат … Повеќе

Донесена Резолуција по поднесено известување од техничкиот министер за внатрешни работи

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Резолуција дека нема место за јавнообвинителска интервенција во поглед на поднесеното писмено известување од техничкиот министер за внатрешни работи, кое се однесуваше на кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик и на кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в … Повеќе

Оформен предмет по допрен глас за организирана забава во угостителски објект во Прилеп

Основното јавно обвинителство Прилеп оформи предмет по допрен глас заради сомненија дека едно правно лице и едно физичко лице – одговорно лице во правниот субјект сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи од член 206 од Кривичниот законик. Имено, во услови на прогласена пандемија од Ковид-19, спротивно на законските прописи и пропишаните мерки за … Повеќе

Отворен предмет за статус објавен од лидер на политичка партија

Основното јавно обвинителство Скопје по пристигнато известување од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи отвори предмет за статус на социјалната мрежа Фејсбук, објавен од лидер на политичка партија. Истовремено за истото лице пристигнаа две кривични пријави, поднесени од здружението на граѓани Хелсиншки комитет за човекови права и две физички … Повеќе

Струмичанец осомничен за недозволено поседување кокаин

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, во својот автомобил со струмички регистарски таблици, во левото задно штоп светло, … Повеќе

Изјава за медиумите на јавниот обвинител Џелал Бајрами, претседател на Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето

Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето констатира дека парламентарните избори се одвиваа во мирна атмосфера, без значителен број на изборни нерегуларности. Во основните јавни обвинителства и на електронската адреса izbori@jorm.mk на која граѓаните можеа да пријават сомнение за сторено кривично дело поврзано со изборите и … Повеќе

Комисијата за следење на евентуални изборни нерегуларности во континуитет ги следи сите случувања поврзани со изборниот процес

Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето ја известува јавноста дека до 17.00 часот изборите се одвиваат во мирна атмосфера, без значителен број изборни нерегуларности. Во основните јавни обвинителства и на електронската адреса izbori@jorm.mk на која граѓаните можат да пријават сомнение за сторено кривично дело поврзано … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на предвремените парламентарни избори,  ја известува јавноста дека до 13.00 часот во основните јавни обвинителства и преку електронската … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

До овој момент, од почетокот на гласањето во oсновните јавни обвинителства, како и во Комисијата за следење на изборни нерегуларности и преку електронската адреса izbori@jorm.mk нема пристигнати пријави за изборни нерегуларности поврзани со настани од процесот на гласање. Во текот на ноќта и предизборните денови пристигнати се неколку известувања. Во голем дел од пристигнатите известувања … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Привремената Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на предвремените парламентарни избори, ја известува јавноста дека во континуитет ги следи случувањата поврзани со изборниот процес … Повеќе

Парични казни за непочитување на здравствените прописи во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе осум предлози за издавање казнени налози против 13 лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството му предложи на Судот за секој од обвинетите да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, … Повеќе

Обвинителен предлог за лицето кое преку социјална мрежа упатил закани кон претседателот на Владата

Основното јавно обвинителство Гостивар денеска поднесе Обвинителен предлог против 28-годишен жител на Гостивар, кој го сторил кривичното дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 од Кривичниот законик. Осомничениот преку својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, на 3 јули 2020 година додека бил во Хамбург, Република Германија,  се заканил дека ќе изврши кривично … Повеќе

Парични казни за 13 лица во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе девет предлози за издавање казнени налози против вкупно 13 лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите не го почитувале полицискиот час кој бил во сила, односно биле затекнати како се движат без … Повеќе

Притвор за насилникот од автокампот Градиште

Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка и поднесе Предлог за определување на мерката притвор за 32-годишниот скопјанец, кој на 10 јули 2020 година  во Охрид, во автокампотот Градиште извршил грубо насилство  врз три лица. Осомничениот извршил напад над оштетените со нож и дрвена палка со кои им нанел телесни повреди, а во исто време кај … Повеќе