Предлог за издавање казнен налог за гостиварец кој не се придржувал до здравствените прописи

Предлог за издавање казнен налог за гостиварец кој не се придржувал до здравствените прописи

Денеска Основното јавно обвинителство Гостивар во Основниот суд Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице, 58 -годишен жител на с. Добридол,   обвинет дека сторил кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 17. март послужувал гости седнати на маси … Повеќе

Обвинение за две струмичанки кои не ги почитувале мерките за заштита од заразни болести

Одновното јавно обвинителство Струмица денеска поднесе Обвинителен предлог против мајка и ќерка од Струмица на возраст од  56 и 35 години, поради основано сомнение дека сториле кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Обвинетите вo Струмица на 27 … Повеќе

Побарана парична казна за гостиварец кој не се придржувал до здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Гостивар до Основниот суд Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против управител на правно лице – угостителски објект,  обвинет дека сторил кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 16. март послужувал храна на гостин седнат на маса … Повеќе

Обвинение поради уцена

Денеска Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против битолчанка на возраст од 34 години која се товари за сторено кривичното дело – Уцена од член 259 став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од 15 јануари до 11 март, обвинетата со намера да се стекне со противправна имотна корист, во повеќе наврати му се … Повеќе

Обвинителен акт за неовластена продажба на марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, на возраст од 20 години, со кој го товари дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Дрогата кај обвинетиот била пронајдена на 23 февруари при претрес на … Повеќе

Обвинение за прилепчани кои краделе во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе  Обвинителен предлог со кој се опфатени двајца прилепчани  на возраст од 47 и 46 години за сторени две кривични дела –Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Како соизвршители, обвинетите во неколку наврати со провалување во затворени простории, одзеле туѓи подвижни предмети со намера … Повеќе

Истрага за разбојништо

Осовното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка за 29-годишен жител на Струга, поради основано сомнение дека извршил кривично дело- Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, со црна капа која му го покривала ликот, на 16.11.2019 година околу 11.40 часот, со намера противправно да … Повеќе

Извршен увид за сообраќајната несреќа во Кавадарци

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи изврши увид на местото каде денеска се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице. Попладнево околу 12.45 часот на крстосница во Кавадарци се судриле мотор „Јамаха“  и  џип „Форд“ со битолски регистарски ознаки. … Повеќе

ЗАДОЛЖИТЕЛНО УПАТСТВО

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, врз основа на член 20 и 25 од Законот за јавното обвинителство на 13.03.2020 година  донесе Задолжително упатство за постапување на Основното јавно обвинителство Дебар, Основното јавно обвинителство Кичево и Основното јавно обвинителство  Гостивар за време на кризната состојба прогласена од Владата на Република Северна Македонија во општините Дебар … Повеќе

Постапка за разбојничка кражба

Oсновното јавно обвинителство Гостивар донесе  Наредба за спроведување истражна постапка за 62-годишен жител на с.Форино, гостиварско поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело – Разбојничка кражба од член 238 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 18 февруари, околу 10.00 часот, затечен во кражба употребил закана дека непосредно … Повеќе

Обвиненија за тројца крадци

Основното јавно обвинителство Скопје денеска во Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвиненија за три лица кои извршиле кражби во одделни кривично правни настани. Со Обвинителен предлог се опфатени двајца скопјани на возраст од 29 и 44 години, кои во периодот од 16 до 19 февруари 2020 година, од викенд куќа лоцирана во с. Идризово, скопско, … Повеќе

Побаран притвор поради уцена

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 34-годишна битолчанка, поради основано сомнение дека го сторила кривичното дело – Уцена од член 259 став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од 15 јануари до 11 март, осомничената со намера да се стекне со противправна имотна корист, во повеќе наврати му се јавувала на оштетениот со кого … Повеќе

Обвиненија за џепчии

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвиненија за три лица за сторено кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик. Со првиот Обвинителен предлог се товарат две лица кои како соизвршители го сториле кривичното дело, кога на 6 март , околу 13:30 часот, на автобуската станица … Повеќе

Обвинение за убиството на Мартин Јанушев

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против жител на Скопје на возраст од 28 години, кој го товари дека сторил кривично дело Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 03. 11. 2017 година со умисла го лишил од живот сега починатиот  Мартин Јанушев. Утрината на критичниот ден, користејќи дозволено викенд … Повеќе

Во притвор дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен скопјанец поради основано сомнение дека го извршил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При извршен претрес на 10.03.2020 година во домот на осомничениот во населбата Илинден, … Повеќе

Отфрлена кривична пријава за изборни нерегуларности

Основното јавно обвинителство Тетово донесе решение со кое ја отфрли кривичната пријава поднесена од политичката партија ВМРО ДПМНЕ за сторени изборни нерегуларности против повеќе претседатели, заменици  претседатели  и  членови на Избирачките одбори  во општините Желино и Боговиње, против непознати лица кои помагале со потикнување, помагање и соизвршителство, како и против полициски службеници кои ја вршеле … Повеќе

Поведена постапка за скопјанец кој произведувал и продавал марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за 27-годишен скопјанец, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот Законик. Дрогата била пронајдена од полициски службеници кои на автобуска постојка во Хиподром извршиле личен претрес на осомничениот … Повеќе

​Притвор за осомничен за силување на малолетничка во Гевгелија

Основното јавно обвинителство Гевгелија до судијата на претходна постапка при Основниот суд Гевгелија достави Предлог за определување мерка притвор за едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Силување од член 186 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Притворот беше побаран бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на … Повеќе

Во притвор дилери на дрога

Наредби за спроведување истражна постапка донесе Основното јавно обвинителство Кавадарци  во два одделни предмети против две лица,  43-годишен неготинец и 30-годишен жител на с. Корешница, Демир Капија, поради основано сомнение дека го извршиле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот … Повеќе

Поднесено обвинение за точење алкохолни пијалоци на дете

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен предлог против 53-годишна жителка на Кавадарци и против правното лице Друштво за услуги и трговија ПАКО-ПРОМ Пане ДООЕЛ увоз – извоз Ваташа – Кавадарци за сторено кривично дело – Точење алкохолни пијалоци на дете од член 204 од Кривичниот законик. Обвинителството утврди дека обвинетата, вработена во обвинетото правно лице, … Повеќе