Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе Обвинение против едно лице за случената сообраќајна несреќа кај Католичката црква

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе Обвинение против едно лице за случената сообраќајна несреќа кај Католичката црква

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе Обвинение против едно лица за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 ст.2 вв чл.297 ст.1 од Кривичниот законик.

На обвинетиот му се става на товар дека на 15.11.2014 година во 16,20 часот како учесник во сообраќајот на јавните патишта не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот и телото на луѓето.

Повеќе

Досега Основното јавно обвинителство – Скопје склучи осум спогодби во предметот „Јустиција“

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје постигна Спогодба со уште двајца осомничени во предметот „Јустиција“, судии кои активно ја вршеле функцијата. Обвинетите судии, со јавниот обвинител склучиле Спогодба за сторено кривично дело – Несовесно работење во службата. На едниот му е определена казна затвор во времетраење од две години, која нема да се … Повеќе

Обвинение против сторителот на трикратното убиство во Кавадарци

По спроведена темелна истрага, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Велес поднесе Обвиненителен акт за едно лице за сторени  три кривични дела Убиство, за кои согласно Кривичниот законик е пропишана казна затвор од најмалку десет години или доживотен затвор.

Повеќе

Основното јавното обвинителство – Прилеп спроведува истрага за кривично дело Силување на малолетничка

Надлежниот јавен обвинител при Основното јавно обвинителство – Прилеп, постапувајќи по поднесената кривична пријава од страна на Министерството за внатрешни работи, Полициска станица – Прилеп,  на  ден 02.05.2015 година донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 22-годишен жител на с. Големо Коњари, осомничен дека сторил кривично дело – Силување.

Повеќе

Основното јавно обвинителство – Тетово ја расветлува експлозијата пред седиштето на ДУИ

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство -Тетово изврши увид на лице место по вчерашната експлозија пред седиштето на ДУИ во Тетово. Подигнати се материјални траги од местото и влакна од изгорениот фитил и истите се дадени на вештачење. Надлежниот обвинител го одзеде и ЦД од поставениот видео надзор, што ќе биде предмет на разгледување и … Повеќе

Реакција по повод Соопштението на СДСМ

Јавното обвинителство остро реагира по повод наводите во соопштението на СДСМ, а во врска со поднесување на Обвинителен акт во предметот „Пуч“. Со инпутирањето на политички влијанија во постапувањето на јавните обвинители, со толкување на работењето на јавните обвинители според субјективните потреби на лицата против кои се води постапката, како и со правење конструкција за … Повеќе

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен акт против осомничените лица во случајот „Пуч“

По спроведување на сеопфатна истражна постапка, разгледување и анализа на сите прибрани докази и факти во предметот „Пуч“, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе Обвинителен акт против осомничените. Првообвинетиот З.В. се терети за едно продолжено кривично дело Неовластено прислушкување и … Повеќе

Уште две спогодби во предметот „Јустиција“

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје постигна Спогодба со уште двајца осомничени во предметот „Јустиција“ и тоа со еден судија во пензија и еден судија коj активно ја вршел функцијата. Осомничениот судија во пензија се спогодил со надлежниот обвинител за кривичното дело што го сторил да му биде изречена казна од една година … Повеќе

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Гостивар издаде Наредба за обдукција и Наредба за вештачење во врска со трагичниот настан на патот кон с. Галичник

Вчера, во доцните попладневни часови, околу 18:00 часот,  на регионалниот пат Р2-238 кој води од с. Маврово кон с. Галичник на местото викано “Царева Чешма”, дошло до трагичен настан, при што е усмртено едно лице, вработено во Јавното Претпријатие „Македонија Пат”. Имено,  при расчистување на наносите од снег на регионалниот пат од страна на надлежната … Повеќе

Основното јавно обвинителство Битола започна истражна постапка против едно лице за сторен – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години

Осомничениот, родум од скопско,  делото го сторил во февруари годинава во Битола, кога престојувајќи во истиот стан со детето извршил полово дејствие врз оштетената – малолетник кој не наполнил 14 години. По пристигнување на кривичната пријава од МВР – СВР Битола, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување на истражна постапка … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Куманово поднесе Обвинителен предлог за сообраќајната незгода во која животот го загуби спортскиот директор на Фудбалската репрезентација на Македонија

По завршување на истражната постапка, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Куманово поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот (член 300, став 4 во врска со член 297, став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик), за сторена … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Скопје постигна Спогодба со уште двајца осомничени во предметот „Јустиција“

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје постигна Спогодба со еден судија и еден судски службеник, осомничени во предметот „Јустиција“. Денес спогодбата е верификувана и од страна на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, кој согласно договореното, со Пресуда, на осомничените им изрече условна казна затвор, односно казна затвор од една година која нема … Повеќе

Основното јавно обвинителство Штип поведе постапка против 73 годишно лице за сторено кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против осомничениот поради постоење на основано сомнение дека во повеќе наврати во текот на 2014 и 2015  година, преку неговите десктоп и преносен–лап топ компјутер набавувал детска порнографија преку различни интернет страници во форма на фотографии и видео записи. Истите ги … Повеќе

Основното јавно обвинителство Велес ја расветлува тешката железничка несреќа

На ден 23.04.2015 година околу 22.30 часот на железничката пруга Велес – Скопје на околу 2 км по железничката станица Рајко Жинзифов поточно помеѓу оваа станица и стојалиштето Пчиња,  дојдено е до тешка железничка несреќа. Имено, според зборовите на машиновозачот на патничкиот експресен воз бр.334 кој сообраќа на релација Гевгелија-Белград движејќи се во правец кон … Повеќе

Основното јавно обвинителство Штип гони четири лица за Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости

Четворицата осомничени, од кои двајца државјани на Република Србија, во ноќта помеѓу 18/19.04.2015 година, како соизвршители вршеле недозволени истражувачки работи на верскиот објект – „Хусамедин пашина џамија“ – „Свети Илија“, прогласен за културно наследство. Тие со употреба на сила и подесен алат влегле во верскиот објект и извршиле археолошки ископувања со отстранување на камените плочи … Повеќе

Јавниот обвинител на Република Македонија оствари протоколарна средба со кинескиот амбасадор

Денес, Јавниот обвинител на Република Македонија г. Марко Зврлевски имаше средба со амбасадорот на Народна Република Кина, неговата екселенција г. Вен Џеншун. На средбата стана збор за поставеноста на јавните обвинителства во Република Македонија и Народна Република Кина и можното воспоставување на идна соработка меѓу обвинителствата.

Второосомничениот за убиството во угостителскиот објект „Баркод“ во Тетово е лишен од слобода

Осомничениот, утринава, самиот се пријавил во Полициската станица Кисела Вода во Скопје, носејќи го со себе и оружјето со кое истакнал дека е извршено убиството. По приведувањето, осомничениот ќе ја издржува мерката Притвор согласно веќе донесеното Решение од страна на Основниот суд – Тетово. Имено, Основното јавно обвинителство -Тетово за осомничениот за извршеното убиство достави … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Скопје постигна спогодба за двајца осомничени од предметот „Јустиција“

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје постигна спогодба со двајца осомничени во предметот „Јустиција“. Денеска спогодбата е верификувана и од страна на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, кој согласно договореното со Пресуда на осомничените им изрече условна казна затвор, односно казна затвор од една година која нема да се изврши доколку во … Повеќе

Потпишана Спогодба за соработка меѓу Јавното обвинителство на Република Бугарија и Јавното обвинителство на Република Македонија

Capture

Јавниот обвинител на Република Македонија г.  Марко Зврлевски ,  денес беше домаќин на својот бугарски колега г. Сотир Цацаров – Главен обвинител на Република Бугарија. Двајцата обвинители на средбата  ја истакнаа важноста на развојот на меѓусебната соработка и партнерство за прашањата од заеднички интерес, како и важноста од квалитативно унапредување и усовршување на носителите на јавнообвинителската функција .

Со цел да ги зајакнат контактите меѓу јавните обвинители на Република Македонија и Република Бугарија, како и соработката во сите области од дејноста на обвинителството, обвинителите потпишаа Спогодба за соработка меѓу Јавното обвинителство на Република Бугарија и Јавното обвинителство на Република Македонија.

Повеќе

Основното јавно обвинителство – Тетово гони две лица за убиството во угостителски објект во Тетово

По доставената кривична пријава од страна на СВР -Тетово, вчера Основното јавно обвинителство – Тетово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против двајца осомничени  за кривично дело – Убиство.  На 10 овој месец околу 22:00 часот во угостителскиот објект „Баркод“ кој се наоѓа на улицата  ЈНА во Тетово, како резултат на претходна расправија дошло … Повеќе