Односи со Јавноста

Скопјанец обвинет за малтретирање на партнерката и нејзиното дете

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривични дела – Тешка телесна повреда од член.131 став 2 во врска со став 1 и Запуштање и малтретирање на дете по член 201 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 7 јануари, во својот дом во Шуто Оризари, при … Повеќе

Соопштение

Основното јавно обвинителство Скопје ја информира јавноста дека кривичната пријава во предметот за третманот на медицинскиот отпад од страна на фирмата „Еко клуб“ од Битола на записник ја поднесе Главниот инспектор во Град Скопје на 13.12.2019 година, три дена откако го забележал настанот. При поднесувањето на пријавата, подносителот не достави материјални докази, а за настанот … Повеќе

Основното јавно обвинителство Гостивар побара притвор за инспектор во УЈП осомничен за примање поткуп

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 и Примање поткуп од член 357 од Кривичниот законик. Осомничениот инспектор во Управата за јавни приходи – Тетово побарал поткуп од 300 евра од сопственик на правен … Повеќе

Поднесено обвинение за лажната дојава за бомба во „Сити мол“

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Лажно пријавување на кривично дело од член 366 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик. Обвинетото лице се товари дека на 29 јануари во трговскиот центар „Сити мол“ каде бил вработен пријавил дека … Повеќе

Скопјанец обвинет за разбојништво во обложувалница

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член 237 од Кривичниот законик. Обвинетиот 28-годишник, на 20.09.2019 година влегол во обложувалница на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, носејќи кујнски нож со сечиво од 15 сантиметри во десната рака. На оштетениот вработен во обложувалницата му се заканил … Повеќе

Поднесено обвинение за закани објавени на Фејсбук

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари дека сторило продолжено кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Обвинетиот во периодот од 23.07.2019 година до 24.07.2019 година во повеќе наврати извршил временски поврзани дејствија кои што претставуваат повеќекратно … Повеќе

Тројца браќа под истрага за обид за убиство на полициски службеник во Велес

Основното јавно обвинителство во Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство (во обид) од член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик, како и против две лица за помагање при извршување на кривичното дело – Убиство (во обид) и за кривично дело – … Повеќе

Обвинителен акт против македонски државјанин и тројца Пакистанци за криумчарење мигранти

По сеопфатна истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе Обвинителен акт против еден македонски државјанин и тројца државјани на Пакистан. На обвинитетите им се става на товар дека како соизвршители сториле кривично дело „Криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво … Повеќе

Британски државјанин под истрага за продажба на дрога во Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, државјанин на Велика Британија по потекло од Битола, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 33-годишник имал … Повеќе

Поднесено обвинение за разбојништво во маркет

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член 237 од Кривичниот законик. На 20.11.2019 година, обвинетиот влегол во маркет во Чаир и извадил пиштол марка “EKOL Special 99” со калибар од 9 мм и му се заканил на оштетениот – сопственик на маркетот. Му наредил да … Повеќе

Четворица обвинети за загрозување на сигурноста на полициски службеници

По спроведената постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против четири лица за кривично дело – Загрозување на сигурноста од чл.144 ст.3 во врска со ст.2 и ст.1, како и во врска со чл.22 од Кривичниот законик. Обвинетите, на 30.11.2019 година во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, заедно ја … Повеќе

Истрага за косовски државјанин кој се обидел да се внесе кокаин во затворот Идризово

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против косовски државјанин за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 31 јануари, во просториите на Казнено-поправната установа “Идризово” во Скопје, при … Повеќе

Наставник осомничен за полов напад врз ученичка

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот наставник, на 29 јануари, во училиште во селото Чегране, извршил полови дејствија врз ученичка … Повеќе

Отфрлена кривична пријава за злоупотреби со продажба на државно земјиште во Центар

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава поднесена против вкупно пет лица за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик во врска со постапка за отуѓување на градежно земјиште во Општина Центар. Имено, до Основното јавно обвинителство Скопје, од страна на двајца подносители … Повеќе

Побарани мерки на претпазливост за лице осомничено за лажна дојава за бомба

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерки на претпазливост за едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Лажно пријавување на кривично дело од член 366 став 4 од Кривичниот законик. Против осомничениот е поведена постапка поради основано сомнение дека на 29 јануари во трговскиот … Повеќе

Скопјанец обвинет за грубо насилство врз 14-годишно девојче

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 23 јануари, обвинетиот 64-годишник извршил грубо насилство врз дете на возраст од 14 години. Имено, оштетената со нејзиното семејство биле потстанари во … Повеќе

Поднесено обвинение за убиство во село Мојанце

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Убиство од чл. 123 ст.1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 18.08.2019 година, во селото Мојанце, Арачиново, со употреба на огнено оружје со калибар од 7,62Х25мм, со умисла го лишил од живот оштетениот Зилбехар Ајвази. На критичниот ден, … Повеќе

Негувателка обвинета за малтретирање дете

Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетата на 21.11.2019 година, во игротека во еден угостителски објект, малтретирала двегодишно дете за кое била ангажирана како негувателка. Додека родителите биле на работа, негувателката повеќепати го удрила … Повеќе

Јавна расправа на тема: „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески се обрати на 107-та седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Северна Македонија, во рамките на јавната расправа на тема: „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“.

Поведена постапка за уцена со компромитирачки фотографии

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против еден жител на селото Орешани за кривично дело – Уцена предвидено и казниво согласно член 259 став 1 од Кривичниот законик. За лицето на возраст од 22 години постои основано сомнение дека, со намера да прибави противправна имотна корист, уценувало своја 26-годишна познаничка дека за неа ќе открие, … Повеќе