Односи со Јавноста

По вчерашната акција во с. Крушопек, истрага за две лица

Заврши распитот на лицата што вчера вечер беа лишени од слобода во акцијата во с. Крушопек, Општина Сарај. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање … Повеќе

Средба со претседателот на Европравда

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска оствари средба со претседателот на Европравда Ладислав Хамран. На средбата присуствуваа и јавни обвинители од ЈОРСМ , како и јавниот обвинител за врска на Република Северна Македонија во Европравда Ленче Ристоска. На средбата со Хамран, кој воедно е национален член на Република Словачка во Европравда, беше … Повеќе

Кумановец осомничен за неовластена продажба на марихуана

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно 25-годишно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 18 февруари, во својот дом неовластено заради продажба држел … Повеќе

Соопштение

Во поглед на наводите на техничкиот министер на Министерството за внатрешни работи, кои беа изнесени на 19.02.2020 година, а се однесуваат на одржаната седница на Владата на РСМ на 15.02.2020 година и на донесената одлука за поништување на решенијата донесени од техничкиот министер на Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста … Повеќе

Соопштение

Денеска во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на негово барање, обвинителката Вилма Русковска го прими пратеникот Антонио Милошоски. На средбата Милошоски достави аудио материјал за кој по преслушувањето и анализа на истиот ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за понатамошно користење на материјалот.

Обвинение за разбојништвото во казино во Неготино

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен акт против жител на Неготино  на возраст од 24 години поради сторено кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 од Кривичниот законик. На обвинетиот му се става на товар дека на 26.12.2019 година околу 08.00 часот со маска на глaвата влегол од споредниот заден влез во казино … Повеќе

Тројца албански државјани осомничени за трговија со дрога во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против три лица, албански државјани, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело  – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Тројцата, од почетокот на месецов, набавиле … Повеќе

Скопјанец обвинет за кражба од службено возило на АД МЕПСО

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 24.11.2019 година, го скршил предното стакло од возачката врата на автомобил „Мицубиши“, сопственост на АД МЕПСО, паркирано пред станбена зграда на булеварот „Јуриј Гагарин“ во Скопје. Од … Повеќе

​Поднесено обвинение за лихварство и изнуда

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Изнуда од член 258 став 1, како и Обвинителен предлог против друго лице кое се товари за кривично дело – Лихварство од член 260 став 1 од Кривичниот законик. Вториот обвинет, на возраст од 25 години, на почетокот … Повеќе

Контролори во Фондот за здравствено осигурување обвинети за примање поткуп

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против две лица кои се товарат дека како соизвршители сториле кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст. 1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик. На 23.12.2019 година, во ресторан на булеварот „Филип Втори Македонски“ во Скопје, двајцата обвинети како службени лица – … Повеќе

Мајка и ќерка од Турција обвинети за употреба на фалсификувани израелски пасоши

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица, на возраст од 45 и 19 години, кои се товарат за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинението е поднесено против мајка и ќерка, … Повеќе

Опожарено возило на јавен обвинител

Вчера  околу 19.00 часот, со експлозивна направа е предизвикан пожар во помошна просторија од семејна куќа на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево. Експлозијата оштетила патничко моторно возило „Сеат леон“  кое било паркирано во просторијата и е во сопственост на јавниот обвинител. Пред повеќе од еден месец,  гумите на истото возило беа со нож … Повеќе

Чеченец осомничен за препродажба на дрога во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Република Чеченија, Руска Федерација, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 35-годишник, од засега непознато лице, купил … Повеќе

Обвинети шест лица за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје

По сеопфатна истражна постапка, надлежен обвинител од Основното јавно обинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе Обвинителен акт против шест лица. На обвинетите им се става на товар дека сториле кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи предвидено и казниво … Повеќе

Поднесено обвинение за злоупотреба во Агенцијата за филм

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетата се товари дека како службено лице – директор на Агенцијата за филм, во периодот од 21.01.2016 до 14.06.2017 година, со искористување … Повеќе

Поведена истрага против 22-годишен гостиварец кај кого беше пронајдена марихуана

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот неовластено заради продажба држел 51,8 грама наркотична дрога марихуана. Помал … Повеќе

Поведена постапка за гевгеличанецот кој со лажно претставување измами повеќемина

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против лице на возраст од 41 година, за сторени две кривични дела од продолжен вид и тоа: Измама од член 247 став 1  во врска со член 45 став 4 во врска со став 1 и Злоупотреба на лични податоци од член 149 став 1 во врска со член … Повеќе

Скопјанец обвинет за поседување оружје и дрога

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против лице на возраст од 25 години кое се товари за кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 и Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од … Повеќе

Негувателка обвинета за малтретирање на две деца

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик. Во првата половина од ноември 2019 година обвинетата била ангажирана како негувателка на две деца на возраст од три години. Но, додека родителите биле на … Повеќе