Односи со Јавноста

Отворена истражна постапка за поседување околу половина килограм наркотична дрога хашиш

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл. 215 ст. 1 од Кривичниот законик. Лицето е осомничено затоа што на 17.10.2018 година, при извршен претрес во неговиот дом во Скопје, била … Повеќе

Определена мерка притвор за едно лице за убиството на Мартин Јанушев

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело Убиство од чл.123 ст.1 од Кривичниот законик. Лицето е осомничено дека на 03. 11. 2017 година со умисла го лишил од живот сега починатиот  Мартин Јанушев. Имено, осомничениот, користејќи дозволено викенд отсуство, ја напуштил КПУ Затвор Скопје – Скопје, каде што … Повеќе

Поднесен обвинителен предлог против едно лице за загрозување на сигурноста

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Загрозување на сигурноста од чл.144 ст.4 од Кривичниот законик. Обвинетиот се товари дека на 16.06.2017 година, по пат на информатички систем, се заканил дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од 5 години или потешка казна. … Повеќе

Тетовецот кој ја лиши од живот својата сопруга под истрага за три кривични дела

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторило кривичните дела – Убиство од чл.123 ст.2 т.2, Убиство (во обид) од чл.123 ст.1 во врска со чл.19, како и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали од чл. 396 … Повеќе

Патник на Аеродромот Скопје под истрага за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги

Основното јавно обвинителство Скопје издаде Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице со двојно државјанство – на Република Франција и на Република Косово, поради постоење на основано сомнение дека лицето сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл. 215 ст. 1 од Кривичниот законик. … Повеќе

Наредена истрага против две лица за злоупотреба на службена положба и овластување

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, поради основано сомнение дека сториле по едно кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување предвидено и казниво по член 353 ст.5 во врска со ст.4 во … Повеќе

Соопштение

По поднесен обвинителен акт од страна на Основното јавно обвинителство  Скопје, Основниот суд Скопје 1 Скопје денеска донесе пресуда за лицето С.М., и го огласи за виновно за сторено кривично дело –  Примање награда за противзаконито влијание од чл.359 ст.7 во врска со ст.2 од Кривичниот законик. Откако и обвинетиот го призна делото, Судот ги … Повеќе

Основното јавно обвинителство Тетово го истражува убиството во Мала Речица

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид на лице место во тетовска Мала Речица, каде што според првичните информации 53-годишен тетовец ја лишил од живот својата сопруга. Мотивот за настанот што се случил во семејната куќа на родителите на починатата се уште се истражува. Напуштајќи ја куќата, осомничениот пукал и кон такси … Повеќе

Отворена истражна постапка против две лица за насилство

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – Насилство од чл.386 ст.6 во врска со ст.3 во врска со ст. 1 Од Кривичниот законик.

Лицата се осомничени дека на 07.10.2018 година извршиле грубо насилство во угостителски објект во населбата Драчево, при што тешко телесно повредиле две лица и со тоа во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.

Откако критичната вечер осомничените дошле како гости во локалот, најпрвин започнале вербална расправија со оштетените, која потоа прераснала во тепачка. Еден од осомничените со остар предмет им нанел тешки телесни повреди во вид на убодни рани на двајцата оштетени.

Повеќе

Едно лице под истрага за неовластено пуштање во промет наркотична дрога – марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. Лицето е осомничено дека од друго засега непознато лице, неовластено заради продажба набавило околу 1,8 килограми наркотична дрога марихуана. … Повеќе

Истражна постапка и определена мерка притвор за неовластено набавување и продажба на наркотични дроги

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл. 215 ст. 1 во врска со чл.45 од Кривичниот законик.

Лицето е осомничено дека во текот на 2017 и 2018 година, во повеќе наврати, искористувајќи исти прилики и ист траен однос, неовластено набавила наркотична дрога марихуана, од која што со понатамошна преработка добивала наркотична дрога хашиш и други опојни средства, кои потоа ги продавала на уживатели на територијата на Град Скопје.

Повеќе

Обвинителен акт за полов напад врз дете

По сеофатна истражна постапка и прибирање на доказен материјал, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп до Основниот суд – Прилеп поднесе обвинителен акт против едно лице што се гони за сторено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од чл.188 ст.1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, во јули годинава, … Повеќе

Наредба за спроведување истрага за вешто лице

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип, постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи, донесе Наредба за спроведување на истрага против едно лице од Скопје, вработено во МЕПСО. На осомничениот му се става на товар дека сторил кривично дело – Примање поткуп по член 357 ст. 4 во врска со ст.2 од … Повеќе

Наредба за спроведување истрага за чуварот на затворот во Штип

Постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истрага против едно лице осомничено за кривично дело – Примање поткуп по член 357 ст. 1 од Кривичниот законик. Лицето вработено како чувар во КПД Затвор – Штип примило парични средства во износ од … Повеќе

Наредба за истрага за 13 лица кои присвојувале добра под привремена заштита, културно наследство и природни реткости

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 13 лица – македонски државјани. Сите осомничени се товарат дека сториле кривично дело Злосторничко здружување по член 394 од Кривичниот законик. Покрај ова, осомничените сториле и други кривични дела и тоа: шестмина се … Повеќе

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја одмрзна сметката за исплата на плати

Следејќи ја состојбата на вработените и грижејќи се за почитување на законските права на работниците на кои неколку месеци не им се исплатени плати и придонеси за нивната работа во правното лице за чиј сопственик е покренато обвинение, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Судија на … Повеќе

Истражна постапка против девет лица за криумчарење мигранти

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против девет лица, на кои им се става на товар дека сториле кривично дело – Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење мигранти предвидено и … Повеќе

Информација за активностите на Привремената комисија за следење евентуални противправности поврзани со извршување на кривични дела од Глава XVI – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на референдумот

viber image

Во текот на организирањето и спроведувањето на референдумот вкупно се регистрирани 40 нарушувања поврзани со остварување на правото на глас и референдумот.

Повеќе

Изјава за медиумите во 20.00 часот од јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, претседател на Комисијата за следење евентуални противправности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на референдумот

Во Комисијата за следење на противправностите поврзани со остварување на правото на глас, во периодот од 14.00  до 19.00 часот денеска пристигнати се неколку пријави и информации за евентуални незаконитости. Во Вишото јавно обвинителство Гостивар пријавени се два настани по кои постапуваше Основното јавно обвинителство Гостивар. Пријавено е фотографирање на гласачи од возило во кое … Повеќе

Изјава за медиумите од јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, претседател на Комисијата за следење евентуални противправности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на референдумот

Комисијата за следење евентуални противправности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет  – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на референдумот во континуитет ги следи случувањата поврзани со референдумот. Комисијата има за задача да ги следи сите настани … Повеќе