МЕЃУНАРОДНА ПОЛИЦИСКА ОПЕРАЦИЈА “ КОЛИБРИ “
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во периодот јули-декември 2019 година, во координација со јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презеде низа мерки и активности за утврдување на активностите на организирана криминална група предводена од двајца македонски државјани. Заради размена на информации и договарање на активности и во рамки на предистражната постапка, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал оствари низа средби и координирани состаноци во Скопје и Мадрид со полициски службеници од Шпанија и ДЕА.Повеќе детали на пресот во 10:15часот мвр зграда 1.
Posted by Министерство за внатрешни работи on Вторник, 24 декември 2019
Жител на Сарај обвинет за продажба на марихуана
Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. При претрес, во дворот од куќата на обвинетиот во Сарај биле пронајдени 40,19 грама наркотична дрога марихуана, спакувана … Повеќе