Односи со Јавноста

Притвор за извршено разбојништво во Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, поради постоење основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 9.9.2020 година околу 18,45 часот, во Битола, додека се разминувал со оштетената, го фатил  златниот ланец што го носела околу вратот и … Повеќе

Побаран притвор за гостиварецот осомничен за убиство на својата сопруга

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 1 и 2 од Кривичниот законик. Осомничениот 67-годишен гостиварец, на 9 септември, при вршење семејно насилство, на свиреп начин со умисла ја лишил од живот … Повеќе

Петмина осомничени за грабнување кај наплатната рампа Глумово

Против пет лица од Скопје јавен обвинител денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка, бидејќи постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Грабнување од член 141 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените на возраст од 32, 36, 27, 34 и 30 години, по претходен договор и заедно, … Повеќе

Турски државјанин обвинет за фалсификување исправа

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против државјанин на Република Турција за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 10 септември, во постапката за продолжување дозвола за привремен престој на странец, пред службите на Министерството за внатрешни работи, … Повеќе

Скопјанец осомничен за обид за разбојништво

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 и во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот 31-годишен скопјанец, на 19.02.2020 година, влегол во супермаркет на ул. „11-ти Октомври“ и со … Повеќе

Истрага против жител на Арачиново заради недозволено поседување оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи согласно член 396 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 21-годишен жител на Арачиново, во својот автомобил Ауди 4 неовластено држел оружје и муниција – полуавтоматски пиштол Токарев … Повеќе

Врховниот суд на РСМ ја уважи жалбата во предметот за сообраќајната незгода кај Универзална сала

Врховниот суд на Република Северна Македонија, постапувајќи по жалбите на обвинетиот и на обвинителството во предметот со сообраќајната несреќа кај Универзална сала, во која животот го загуби Фросина Цековска, донесе пресуда со која жалбата на обвинетиот ја одби како неоснована, а жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја уважи во делот на кривичната санкција. Со … Повеќе

Извршен увид за убиство во Гостивар

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, во координација со екипа на крим техника од Министерството за внатрешни работи, изврши увид на местото каде утринава е пронајдено тело на жена лишена од живот. Настанот бил пријавен утринава околу 7 часот од син на жртвата, гостиварка на возраст од 60 години. Осомничен за стореното кривично … Повеќе

Отфрлена кривична пријава за повреда на избирачко право против членовите на Државната изборна комисија

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава поднесена од лицето Јове Кекеновски против претседателот и членовите на Државната изборна комисија за кривичните дела – Повреда на избирачко право од член 159 став 1 во врска, Повреда на слобода на определување на избирачите од член 160 став 2 … Повеќе

Работна средба со Министерот за правда

Имплементацијата на новиот Закон за јавно обвинителство и претстојните реформи во насока на унапредување на јавнообвинителскиот систем беа тема на денешната средба меѓу Љубомир Јовески, Јавен обвинител на Република Северна Македонија и Бојан Маричиќ, Министер за правда во Владата на Република Северна Македонија На средбата беше потенцирано дека Јавното обвинителство има итна потреба од зајакнување … Повеќе

Обвинителството законски постапи во предметот со сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан во Скопје, по приемот на пресудата ќе биде вложена жалба

По реакциите на оштетената и на јавноста за изречената кривична санкција и донесената пресуда од Основниот кривичен суд Скопје, објавена на 04.09.2020 година, во Јавното обвинителство беше разгледан предметот за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан и беше констатирано следното: По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице на возраст … Повеќе

Притвор за тројца прилепчани кои пренесувале дрога

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка против три лица, сите од село Дебреште, поради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Првоосомничениот неовластено заради продажба организирал пренесување, … Повеќе

Прилепчанец осомничен дека одгледувал канабис во дворот на својата викендица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 52 години, за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори  од член 215 став 1  од Кривичниот законик. Постои основано сомнение дека осомничениот неовластено произведувал наркотична дрога – марихуана. … Повеќе

Поднесено обвинение за измама во службата

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за продолжено кривично дело – Измама во службата од член 355 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 став 3 од Кривичниот законик. Станува збор за предметот во јавноста познат како „Друмарина“ за кој истражната постапка ја водеше Јавното … Повеќе

Скопјанец под истрага за недозволена трговија со хашиш во Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно 45- годишно лице од Скопје, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 1 септември, на локалниот пат село … Повеќе

Поведена истрага за бесправно градење објект пред ТЦ „Мавровка“

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, во текот на месеците јуни и јули, во својство на инвеститор, градел објект со површина од 330м2 пред трговскиот центар  „Мавровка“ во … Повеќе

Обвинение за насилството во Охрид

Основното јавно обвинителство Охрид денеска до Основниот суд Охрид поднесе Обвинителен предлог против две лица, браќа на возраст од 45 и 48 години, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите на 18 август 2020 … Повеќе

Обвинение за тетовец кој нападна полициски службеници

Основното јавно обвинителство Тетово поднесе Обвинителен предлог со предлог за продолжување на мерката притвор против тетовец,  за сторено кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 28 август 2020 година, околу 1.30 часот, во комплексот на манастирот … Повеќе

Поведена постапка за предизвикан пожар во обложувалница во Прилеп

По поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за  спроведување на истражна постапка против прилепчанец на возраст од 26 години, за коj постои основано сомнение дека го сторил  кривичното дело – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на … Повеќе

Тројца кумановци осомничени за „Терористичка организација“ и „Тероризам“

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица осомничени дека сториле кривично дело – Терористичка организација од член 394 – а и Тероризам предвидено и казниво по член 394-б од Кривичниот законик. Осомничените лица се на возраст од 22 … Повеќе