Односи со Јавноста

Побарани парични казни за непочитување на здравствените прописи во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против 16 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Од нив, 15 не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, односно … Повеќе

Еден осомничен за недозволено држење оружје и муниција

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на возраст од 38 години, во својот дом на улица „Дижонска“ … Повеќе

Жител на Арачиново обвинет за убиство на сопругата

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривичните дела – Убиство од член 123 став 2 точка 2 и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 39-годишник, на 29 април, во семејниот дом во селото Арачиново, при вршење … Повеќе

Српски државјанин обвинет за тешки дела против безбедноста во сообраќајот

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против еден државјанин на Република Србија за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 18 … Повеќе

Отфрлена кривичната пријава за лекарска грешка во случајот со пациентот Булент Ибрахим

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава против три физички и две правни лица за Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 2 во врска со член 207 став 1 од Кривичниот законик, а во врска со смртта на лицето Булент Ибрахим. Кривичната пријава од … Повеќе

Поведена постапка за полов напад врз дете

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, жител на битолско село, за сторено кривично дело –  Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Истовремено, јавниот обвинител до Основниот суд Битола поднесе Предлог за определување притвор за осомничениот, бидејќи постојат … Повеќе

Поведени постапки против вкупно 23 лица во Скопје, предложени парични казни

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 22 лица кои не го почитувале полицискиот час, односно донесената Одлука за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија. Сите се обвинети дека го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 … Повеќе

Две лица во Скопје осомничени за тешка кражба на кипер

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица поради основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 2 во врска со став 1 точка 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените, на возраст од 39 и … Повеќе

Седумдесет лица во Скопје обвинети за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 70 лица обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Сите обвинети не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на … Повеќе

Предлози за казнени налози за четворица во Велес

Основното јавно обвинителство Велес до надлежен суд денеска поднесе предлози за издавање казнени налози за четири лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите во одделни кривично правни настани, го прекршиле полицискиот час, односно постапиле спротивно на Одлуката за … Повеќе

Поведена постапка за непостапување според здравствени прописи за пет физички и две правни лица во Струга

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против вкупно пет физички и две правни лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Тројца од обвинетите не се придржувале на забраната за движење на населението на територијата на државата, донесена со Одлука на … Повеќе

Формирана е привремена Комисија за следење на евентуални изборни нерегуларности

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе Одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите. Настаните поврзани со претстојните предвремени … Повеќе

Правилна примена на Кривичниот законик за убиството во Ново Лисиче, Обвинителството вложи жалба за висината на казната

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје на 07.02.2020 година до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против едно лице за кривично дело – Убиство на миг од член 125 од Кривичниот законик. На 14.08.2019 година на булеварот „Видое Смилевски – Бато“ во населбата Ново Лисиче, обвинетиот 18-годишник, доведен без своја вина во состојба … Повеќе

Уште 47 лица во Скопје обвинети за непочитување на здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против уште 47 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Тројца од обвинетите не постапиле согласно решенијата со која им била определена задолжителна самоизолација во насока на спречување на ширење … Повеќе

Парична казна за тројца од Дебар

Основното јавно обвинителство Дебар поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица  за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Двајца од обвинетите  не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Тие … Повеќе

Скопјанец обвинет за недозволено поседување оружје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 24-годишен скопјанец, за кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 2 јуни, пред зграда на улица „Струмичка“, неовластено држел огнено оружје – пиштол марка „Глок“ со калибар 9 мм. На критичниот … Повеќе

Поведена постапка против учесници на протест во Скопје кои не ги почитувале здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против вкупно 15 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, на 31 мај, не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање и спречување на ширењето … Повеќе

Велешкото обвинителство поведе постапка за разбојништво

Основното јавно обвинителство во  Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против жител на Велес поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело – Разбојништво од член 237 од Кривичниот законик. Осомничениот на 09.06.2020 година со патнички автомобил, заедно со дете како сопатник, се движеле во правец од с.Караслари кон Велес при што забележале … Повеќе

Вкупно 26 лица во Скопје обвинети за непочитување на здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 26 лица, обвинети за кривично дело  – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Еден од обвинетите не го почитувал изреченото решение со кое му била определена задолжителна … Повеќе

Поднесена жалба против пресудата за една од обвинетите во случајот со лекувањето на Тамара Димовска

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе жалба на пресудата на Основниот кривичен суд Скопје против една од обвинетите во случајот со лекувањето на девојчето Тамара Димовска од Велес. Имено, постапувајќи по поднесениот обвинителен акт од Основното јавно обвинителство Скопје, а по барање на обвинетата, заради здравствени причини, Судот ја раздвои постапката против неа и донесе првостепена … Повеќе