Соопштенија

Основното јавно обвинителство – Прилеп ја истражува несреќата на параглајдеристите на „Мечкин Камен“

Во текот на вчерашниот ден, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп во соработка со екипата на крим-техника од Министерството за внатрешни работи изврши увид на местото каде двајца параглајдеристи ги загубија животите. Во насока на расветлување на настанот издадена е наредба за обезбедување на траги и докази, наредба за симнување на видео … Повеќе

Истражна постапка и мерка притвор за напаѓачот на „Кеј 13 Ноември“

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје постапувајќи по кривичната пријава поднесена од страна на Министерството за внатрешни работи, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за кривично дело Убиство од член 123 ст.1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 3.08.2018 година, околу три часот по полноќ, во алкохолизирана состојба дошол на … Повеќе

Оформен предмет по допрен глас во врска со постапките за јавни набавки во Министерството за здравство

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе предистражна постапка по допрен глас, заради постоење на индиции за повреда на законот при постапки на доделување на договори за јавни набавки во Министерството за здравство. Предистражната постапка е како резултат на објавените написи од страна на повеќе медиуми во Република Македонија во врска … Повеќе

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција гони пет лица за злоупотреба на службена положба и овластување​ при јавни набавки

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по кривичната пријава поднесена од страна на Управата за финансиска полиција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица. Осомничените се товарат дека ја злоупотребиле својата службена положба и овластување во три постапки за јавни набавки, при што … Повеќе

Основното јавно обвинителство Прилеп презема дејствија против осомничени за говор на омраза

Основното јавно обвинителство Прилеп презема дејствија за утврдување на факти и прибирање докази во врска со нападите и говорот на омраза кои беа изречени за време на одбележувањето на државниот празник на Мечкин Камен. Во обвинителството е пристигната кривична пријава поднесена од МВР – СВР Битола, против две лица и други непознати лица а за … Повеќе

Основното јавно обвинителство Тетово го гони лицето кое нападна и со нож повреди дете

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот се гони за дело кое го сторил на 25 овој месец, кога околу 17.00 часот откако … Повеќе

Обвинителството ја отфрли кривичната пријава поднесена против две лица за загрозување на независноста

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по целосно утврдување на фактите во предметот отворен по кривична пријава против две лица за сторено кривично дело – Загрозување на независноста, донесе Решение со кое ја отфрли кривичната пријава бидејќи пријавеното дело не е кривично дело за кое се гони по службена должност. Беа испитани наводите … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје ја продолжува постапката за обвинувањата за поткуп при посвојување деца

Постапувајќи по допрен глас, по објавите во медиумите за случај на наводен поткуп во постапка за посвојување на деца, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје презеде многубројни дејствија за утврдување на фактите во предметот. Прибрана е целокупната документација од Јавната установа – Меѓу општинскиот центар за социјална работа Скопје, а во врска со … Повеќе

Основното јавно обвинителство Прилеп ја истражува сообраќајната несреќа во која почина пешак

Денеска околу 11,30 часот се случи сообраќајна несреќа на ул.„Бидимаш“ во Прилеп, во која животот го загуби едно лице.  Сообраќајната несреќа се случила откако  патничко моторно возило марка „Фолксваген Голф“ управувано од  46- годишен жител на Прилеп удрил во пешак на возраст од 67 години, кој им подлегнал на здобиените повреди. Надлежен јавен обвинител од … Повеќе

Оформен е предмет за говорот на омраза во врска со пожарите во Грција

Основното јавно обвинителство Скопје по допрен глас оформи предмет во врска со определени написи и коментари по социјалните мрежи, а со кои преку компјутерски систем во јавноста се шират расистички и ксенофобични материјали. Објавените текстови во социјалните мрежи се насочени кон пожарот во близина на Атина, Република Грција  во кој има и човечки жртви. Јавното … Повеќе

Основното јавно обвинителство Свети Николе ги истражува причините за сообраќајната несреќа помеѓу камион и автобус

Сообраќајната несреќа се случи на 23 јули, во 13.40 часот на магистралниот пат Велес – Штип, помеѓу автобус во сопственост на фирмата Кит Го  од Штип управуван од возач од Велес роден 1964 година  и  камион ТМВ влекач со полуприколка со регистарски ознаки од Скопје, управуван од жител на Скопје, роден во 1987 година. Во … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

По објавите во медиумите за евентуални злоупотреби при доделување на грантови по Јавен повик од Фондот за иновации и технолошки развој, ја известуваме јавноста дека Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет по допрен глас. Обвинителството презема дејствија за утврдување на факти во предметот, а во врска со евентуални сторени … Повеќе

Во Прилеп извршен увид на местото каде беше пронајден мртов полициски службеник

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп со екипа од крим-техника при ПС Прилеп, изврши увид на местото во близина на локалниот пат с.Беловодица-с.Дрен, каде вчера попладне беше пронајден мртов 45-годишен полициски службеник вработен во МВР – ПС Прилеп. Лицето е пронајдено во лежечка положба до неговото возило, со прострелна рана во главата и службениот пиштол во раката. Притоа јавниот обвинител … Повеќе

Oбвинение против две лица за неовластено производство на марихуана

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен акт против две лица за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по член 215 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик. За истиот настан, уште едно лице против кое беше покрената … Повеќе

Поднесено обвинение за три лица за Трговија со дете

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до надлежен суд поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело  Трговија со дете од член 418 г став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик,  додека две лица – корисници на сексуални услуги се обвинети за кривично дело Трговија … Повеќе

Основното јавно обвинителство Струмица поднесе обвинение против пет лица за криумчарење на цигари

По завршување на истражна постапка и прибирање на материјални и вербални докази во предметот, Основното јавно обвинителство Струмица денеска до надлежниот суд достави Обвинителен предлог против пет лица за сторено кривично дело Криумчарење од член 278 став 2 во врска со став 1 во врска со член 22 од Kривичниот законик. Заедно со обвинението до … Повеќе

Соопштение

По преземање на сите дејствија за утврдување на фактите во предметот против трите лица осомничени за кривичното дело извршено на 29 јуни 2018 година при кое почина лицето Н.С., Основното јавно обвинителство Скопје изврши преквалификација на кривичното дело за кое до сега се водеше истражната постапка. Имено, наместо за кривично дело Насилство од член 386 став … Повеќе

Соопштение

Во Основното јавно обвинителство Скопје интензивно се преземаат дејствија за утврдување на фактите во предметот поврзан со смртта на лицето Н.С., кое почина по инцидент во скопската населба Автокоманда.  По дадена Наредба од Основното јавно обвинителство Скопје, денеска Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија при Медицинскиот факултет во Скопје, до обвинителството достави извршено … Повеќе

Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид на местото на вооружена престрелка

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид на лице место на улицата „29-ти Ноември“ во Тетово каде што во вооружена престрелка во текот на ноќта беа повредени три лица. Повредените поради сериозноста на повредите веднаш се пренесени на скопските клиники, а мотивот за престрелката ќе се утврдува. За таа цел, јавниот обвинител … Повеќе

Основното јавно обвинителство Прилеп гони лице за полов напад врз дете

Кривичниот настан се случил вчера во претпладневните часови.  Осомничениот  бил забележан од вработени во ЈЗУ Здравствен дом  Прилеп како во дворот на установата врши полови дејствија врз детето. По пријавата е веднаш постапено и сторителот е лишен од слобода. Основното јавно обвинителство Прилеп постапувајќи во предметот донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомниченото  лице … Повеќе