Соопштенија

Обвинение за двајца кои извршија тешки кражби во Скопје

Обвинетите по претходен договор, заедно со умисла искористиле слични околности, па со провалување и кршење во два наврати одзеле туѓи подвижни предмети. На 20 мај годинава, околу 13.00 часот провалиле во куќа во Скопје прескокнувајќи ја оградата и влегувајќи преку гаражата во внатрешноста на објектот. При тоа тие одзеле накит и часовници во вкупна вредност … Повеќе

Основното јавно обвинителство Кичево ја расчистува сообраќајната несреќа во која загина моторциклист

Денеска на магистралниот пат кон Охрид, во близина на с. Другово,  се случи сообраќајна незгода во која учествувало товарно моторно возило и еден мотоциклист. Товарното моторно возило Мерцедес со регистарски ознаки од Струмица удрило во моторциклот Сузуки без регистарски ознаки, управуван од лице на возраст од 28 години. Од ударот, мотоциклистот  се здобил со тешки … Повеќе

Поднесено обвинение за обидот за убиство во гостилница во Хиподром

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот на 24.02.2019 година со умисла се обидел да лиши од живот едно оштетено лице, така што додека седеле на различни маси во дворот … Повеќе

Потпишан Меморандум за разбирање за спроведување на програма за јавни обвинители и криминал од омраза

Љубомир Јовески, Јавен обвинител на Република Северна Македонија, Наташа Габер-Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители и амбасадорката Ингибјорг Солрун Гисладотир, директор на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права ОДИХР денеска потпишаа Меморандум за разбирање за спроведување на програма за јавни обвинители и криминал од омраза (ПАХТ Програма). Ценејќи дека … Повеќе

Одобрен притвор за осомничен за напад врз полициски службеници во Маврово

Основното јавно обвинителство Гостивар отвори постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 20-годишен жител на село Леуново, на 21.05.2019 година, бил пријавен дека кршел и … Повеќе

Жител на Драчево обвинет дека дома држел дрога и психотропни супстанции

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 17 мај во својот дом во Драчево држел кај себе опојна дрога – кокаин со вкупна нето … Повеќе

Започната постапка против дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 22.05.2019 година, во својот дом во Куманово и во домот на нејзиниот невенчан сопруг, осомничената неовластено заради … Повеќе

Наредба за истрага и притвор за две лица

Поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка … Повеќе

Наредба за истрага и притвор за бугарски државјанин што криумчарел мигранти од Ирак

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице, бугарски државјанин. За лицето постои основано сомнение дека сторило кривично дело Криумчарење на мигранти предвидено и казниво по член 418-б, став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот во текот на вчерашниот … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје постапува по примено известување за неовластено снимање

СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје достави Известување кон кое е приложен Записник за примена кривична пријава изготвен од ПС Центар на 15.05.2019 година во кој пратеник во Собранието на Република Северна Македонија пријавил непознат сторител на кривично дело – Неовластено прислушување и тонско снимање од член 151 од Кривичниот законик. Според наводите во … Повеќе

Српски државјанин обвинет за обид за тешка кражба на автомобил

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен акт против еден државјанин на Република Србија кој се товари дека се обидел да стори кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 2 во врска со став 1 точка 1 и во врска со член 19 од Кривичниот законик. Обвинетиот, кој … Повеќе

Албански државјанин осомничен за нанесување тешка телесна повреда во село Неготино

Основното јавно обвинителство Гостивар отвори постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот е државјанин на Република Албанија кој во село Неготино, општина Врапчиште престојувал во напуштена куќа, без регулиран престој во државава. Заедно со него во куќата престојувале уште петмина … Повеќе

Отворена истрага против три лица за разбојништво во селото Рибарци

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, за кои постои основано сомнение дека во соизвршителство сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничените на возраст од 26, 21 и 19 години, на 27.06.2018 година во селото Рибарци, претходно … Повеќе

Извршен увид на местото на тешка сообраќајна несреќа кај Драчево

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа во близина на Драчево, во која пет лица го загубија животот. Според првичните сознанија од увидот, несреќата се случила петнаесетина минути пред полноќ, кога автомобил Рено 5 со скопски регистарски таблички во коj се превезувале жртвите, од непознати … Повеќе

Поднесено обвинение за обид за разбојништво и силување во Струга

Основното јавно обвинителство Струга поднесен Обвинителен акт против две лица кои се товарат дека како соизвршители се обиделе да извршат кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1  и Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик. Настанот се случил на 31 декември 2018 година  кога обвинетите, од кои едниот е државјанин на Република Албанија, … Повеќе

Објавена пресуда за двајца од обвинетите во предметот за најголемата лабораторија за производство на синтетички дроги во Југоисточна Европа

По поднесен обвинителен акт од страна на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и одржани судски рочишта на кои беа изведени предложените докази, денеска надлежниот Основен суд Скопје 1 Скопје ги објави осудителните пресуди за преостанатите двајца обвинети во предметот за најголемата лабораторија за производство на синтетички дроги во Југоисточна Европа. … Повеќе

Едно лице осомничено дека неовластено држело поголемо количество муниција

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 09.05.2019 година, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, при … Повеќе

Работник го лишил од живот својот работодавач во тетовско

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово врши увид на местото на кое 45-годишен жител на тетовското село Јанчиште, денеска во 13:30 часот го лишил од живот неговиот работодавец, 60-годишен државјанин на Кралството Холандија. Настанот се случил во расадник во селото Прељубиште, сопственост на сега починатиот. Осомничениот вработен во расадникот најпрвин започнал вербална расправија, … Повеќе

Нема место за јавнообвинителска интервенција во предметот за јавните набавки во Министерство за здравство

По сеопфатно проучување на прибраниот доказен материјал во врска со наводните неправилности при спроведување на постапките за јавни набавки во Министерството за здравство, надлежен јавен обвинител од  Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе одлука со која укажува дека нема место за јавнообвинителска интервенција. Во текот на минатата година, Основното јавно обвинителство … Повеќе

Наредба за истрага за четири лица по синоќешната акција „Сикрет“

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава, денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица. Лицата се сомничат дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, предвидено и казниво по член 215 … Повеќе