Соопштенија

Коцевски го посети Истражниот центар на ОЈО Скопје

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се запозна со резултатите од работата и организацијата на Истражниот центар во Основното јавно обвинителство Скопје во кој во моментов работат вкупно 17 истражители специјализирани за истражување на различни видови криминал. Истражниот центар прераснува во своевидно јадро на обвинителството и бројот на предмети во кои постапувале … Повеќе

Се проверува евентуална поврзаност на два кривично-правни настани во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во близина на Блаце, каде беше пронајдено безживотно тело на маж со прострелни рани. При увидот подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, а јавниот обвинител даде насоки да се извршат проверки … Повеќе

Обвинение за труење кучиња во Неготино

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен предлог против 62-годишен жител на Неготино за кривични дела – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1, како и Мачење животни според член 233 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 08.01.2023 на улицата “Индустриска” во Неготино, со намера да усмрти кучиња, истурил течен отров помешан со храна. … Повеќе

Коцевски: Здружението на јавните обвинители – активен партнер во реализација на приоритетите

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се обрати на Годишното собрание на Здружението на јавните обвинители, и изрази поддршка за работата на оваа организација во која членуваат јавни обвинители и стручни јавнообвинителски службеници. „Највисоко на мојата агенда ќе ги поставам гаранциите за вашата независност и самостојност во постапувањето. Ќе барам резултати, но … Повеќе

Коцевски одржа работна средба со раководителите на основните и вишите јавни обвинителства

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска одржа работна средба со шефовите на сите основни и виши јавни обвинителства, на кои им ги презентираше приоритетите од програмата за својот шестгодишен мандат. Со особен акцент на транспарентноста и отчетноста, како основ за јакнење на самостојноста на јавните обвинители во постапувањето и за враќање на … Повеќе

Опожарен автомобил на јавен обвинител

Во текот на вчерашниот ден во Прилеп намерно е опожарен приватниот автомобил на основната јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство Прилеп Марјана Илиеска. Веднаш по настанот извршен е увид на лице место. Обезбедени се траги и докази и се преземаат дејствија за откривање на сторител на кривичното дело. Според првичните сознанија, за сега непознати сторители … Повеќе

Истрага за двојно убиство и обид за убиство во кумановско

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела – Убиство од член 123 став 1, како и еден обид за убиство. Осомничениот 67-годишник, на 21 февруари во кумановското село Габреш, имал расправија, со двајцата внуци од неговата сестра. На расправијата … Повеќе

Средба Коцевски – Грковска

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска одржа работна средба со Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска. Грковска упати честитки до Коцевски за неговиот избор на челната позиција во Обвинителството и му посака успех во вршењето на функцијата и во исполнувањето на очекувањата на граѓаните и … Повеќе

Регионална средба на обвинителства за гонење организиран криминал во Скопје

„Tранснационалниот организиран криминал е растечка закана за нашите општества и за безбедноста на нашите граѓани. Директно ја загрозува националната и меѓународната сигурност со импликации и врз јавната безбедност, демократските институции и економската стабилност на земјите“, истакна Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски на денешното отворање на еднодневната Регионална конференција на јавни обвинителства надлежни … Повеќе

Средба Коцевски – Тошковски

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на која се дискутираше за повеќе тековни активности. Коцевски го запозна Тошковски со активностите на Комисијата за следење на нерегуларностите кои евентуално би биле сторени при организирањето и спроведувањето на претстојните избори, како и со дадените насоки … Повеќе

Упатени двајца јавни обвинители во ОЈОГОКК, канцеларија за јавниот обвинител за врски со Европравда во ЈОРСМ

Јавните обвинители Искра Хаџи Василева и Фатон Азизи од Основното јавно обвинителство Скопје, со одлука на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија се упатуваат во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Упатувањето се врши со цел зајакнување на капацитетите за ефикасна борба против организираниот криминал и корупција, како еден од приоритетите … Повеќе

Коцевски одржа колегиум на републичкото Јавно обвинителство, донесени одлуки

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска одржа колегиум на кој јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ги запозна со приоритетите од програмата за неговиот мандат и активностите за јакнење на транспарентноста и довербата во институцијата. Со оглед на распишувањето на новиот изборен циклус, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија … Повеќе

Љупчо Коцевски ја презеде функцијата Јавен обвинител на Република Северна Македонија

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски и официјално ја презеде должноста од досегашниот вршител на функцијата, јавната обвинителка Соња Симовска. Коцевски и Симовска одржаа средба на која разговараа за актуелните состојби во Јавното обвинителство и за приоритетните активности во следниот период, во насока на зајакнување на системот за борба против криминалот и корупцијата, … Повеќе

Поведени постапки против малолетници во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка спрема две деца во судир со закон на возраст од 15 години, за кои постои сомнение дека извршиле дејствија кои со закон се предвидени како кривично дело – Насилство по член 386 став 3 во врска … Повеќе

Жител на Демир Капија обвинет за ширење омраза кон припадници на маргинализирана група

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен предлог против жител на Демир Капија за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, преку коментари на социјални мрежи, објавени под вест на еден веб портал во … Повеќе

Негувателка под истрага за запуштање и малтретирање на дете

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 32-годишна негувателка во детска градинка за која постои основано сомнение дека сторила продолжено кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Во временскиот период од 2022-2023 година, осомничената вработена во детска … Повеќе

Пронајдено оружје и фалсификувани пари, поведена истрага против едно лице

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 и Фалсификување пари од член 261 од Кривичниот законик. Осомничениот, во својата куќа во селото Шипковица, неовластено држел … Повеќе

Поведена постапка за загрозување на сигурноста на градоначалникот на Арачиново

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против двајца браќа за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, на возраст од 42 и 35 години, во повеќе наврати телефонски му се … Повеќе

Мајка од Струмица осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против мајка осомничена за кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 3 од Кривичниот законик. Осомничената, иако била должна да ја издржува и да се грижи за животот и здравјето на нејзината 4-годишна ќерка, грубо ја запоставила својата родителска должност … Повеќе

Професионален војник осомничен за доставување телефони на затвореници во Идризово

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 1 февруари во КПУ Идризово – Скопје, како службено лице – професионален војник во Армијата на Република Северна Македонија, поради прогласена кризна состојба на подрачје на … Повеќе