Соопштенија

Истраги против дилери на марихуана во Тетово и Велес

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело  – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот, на 11 октомври, кај осомничените на возраст од … ПовеќеИстраги против дилери на марихуана во Тетово и Велес

Поведена постапка против возач за тешка сообраќајна несреќа во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 21-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во собраќајот по член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 и кривично дело –  Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода по член … ПовеќеПоведена постапка против возач за тешка сообраќајна несреќа во Скопје

Осуммина обвинети признаа вина

На првото одржано рочиште за предметот под кодно име „Багер“осуммина обвинети кои извршувале недозволено истражување и ископување на движни добра под привремена заштита, односно културно наследство, ​ги признаа делата за кои Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во јуни годинава поднесе Обвинителен акт. Според опишаните дејствија во диспозитивот на Обвинителниот акт, сите обвинети сториле … ПовеќеОсуммина обвинети признаа вина

При сообраќајка пронајдено оружје во автомобил, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против еден косовски и еден македонски државјанин, кои се осомничени за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Двајцата, во патничко возило „Фиат браво“ со … ПовеќеПри сообраќајка пронајдено оружје во автомобил, истрага против две лица

Поднесено обвинение за нанесување телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог против 25-годишниот скопјанец осомничен дека на 3 октомври, во Кисела Вода, сторил кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик спрема неговата сопруга. Обвинетиот дошол пред влез на зграда на улицата  „Пушкинова“ и најпрво … ПовеќеПоднесено обвинение за нанесување телесна повреда при семејно насилство

Предложен притвор за полови дејствија спрема дете

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 81 година, осомничено за други полови дејствија спрема дете кое не наполнило 15 години. Осомничениот, искористил прилика во која 9-годишно девојче побарало од него услуга како нејзин сосед, ја повикал во својот дом во Кисела Вода и … ПовеќеПредложен притвор за полови дејствија спрема дете

Оформен предмет по допрен глас за настан во детска градинка во Велес

Основното јавно обвинителство Велес оформи предмет по допрен глас за да се проверат информациите дека негувателка во детската градинка „Димче Мирчев“ Велес им давала да пушат електронска цигара на децата од нејзината група. Во насока на испитување на евентуални основи на сомнение за кривично дело на запуштање и малтретирање дете, надлежен јавен обвинител издаде наредби … ПовеќеОформен предмет по допрен глас за настан во детска градинка во Велес

Предложени мерки поради загрозување на сигурноста на градоначалник, неговото семејство и соседи

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 60-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело  – Загрозување на сигурноста предвидено во член 144 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. На 4 октомври, осомничениот со моторцикл дошол пред куќата на градоначалникот на Општина Карпош и неговото … ПовеќеПредложени мерки поради загрозување на сигурноста на градоначалник, неговото семејство и соседи

Предложен притвор за скопјанец осомничен за нанесување телесна повреда при вршење семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривични дела – Телесна повреда по член 130 став 2 и Неизвршување на судска одлука по член 377 став 5 од Кривичниот законик. Осомничениот 25-годишник, на 3 октомври, алкохолизиран дошол пред влез на зграда на улицата  „Пушкинова“ во Кисела Вода, и најпрво со висок тон … ПовеќеПредложен притвор за скопјанец осомничен за нанесување телесна повреда при вршење семејно насилство

Физичко и правно лице ќе одговараат за злоупотреба на лични податоци на тројца лекари

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно физичко и едно правно лице, кои се обвинети за три кривични дела – Злоупотреба на лични податоци од член 149 од Кривичниот законик. Обвинетиот 34-годишник, како одговорно лице во правното лице, во периодот од ноември 2022 до април 2023 година, … ПовеќеФизичко и правно лице ќе одговараат за злоупотреба на лични податоци на тројца лекари

Битолчанец осомничен за насилство

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 30 септември, во кафе бар на улицата „Генерал Васко Карангелевски“ во Битола,  осомничениот извршил грубо насилство и ја загрозил сигурноста на … ПовеќеБитолчанец осомничен за насилство

Поднесено обвинение за спречување новинарски екипи во вршењето на работата

Основното јавно обвинителство Кавадарци денеска поднесе Обвинителен предлог против 43-годишен жител на Росоман за кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 18 јули, на регионалниот пат Градско-Прилеп во близина на Росоман, спречил новинари и … ПовеќеПоднесено обвинение за спречување новинарски екипи во вршењето на работата

Мајка осомничена за предизвикување пожар со цел да се прикрие свирепо убиство сторено од синот

Основното јавно обвинителство Скопје постапува по кривична пријава во врска со настанот од 22 септември, кога по предизвикан пожар во стан на улицата „Исаија Маџовски“, беше пронајдено безживотно тело на 36-годишниот сопственик на станот со траги на насилство. Доказите обезбедени до овој момент даваат основано сомнение за еден осомничен како сторител на кривично дело убиство … ПовеќеМајка осомничена за предизвикување пожар со цел да се прикрие свирепо убиство сторено од синот

Албански државјанин под истрага за тешка сообраќајна несреќа кај Дреново

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против државјанин на Република Албанија со привремен престој во Кавадарци, за кого постои основано сомнение дека сторил – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 1 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. На регионалниот … ПовеќеАлбански државјанин под истрага за тешка сообраќајна несреќа кај Дреново

Обвинителен акт против полициски инспектор за усмртената мигрантка

По спроведена севкупна истражна постапка, предметен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против полициски инспектор за сторено кривично дело Тешки дела … ПовеќеОбвинителен акт против полициски инспектор за усмртената мигрантка

Скопјанец осомничен дека тешко телесно повредил сосед при расправија

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен скопјанец за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик. На 24 септември, во скопската населба Илинден, осомничениот со умисла тешко телесно повредил сосед при расправија поради претходно нерасчистени меѓусебни односи. Тој со метален … ПовеќеСкопјанец осомничен дека тешко телесно повредил сосед при расправија

Истрага за убиство на свиреп начин во Кочани

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело –Убиство според член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 25 септември, на свиреп начин лишил од живот една жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож. Тој од дома зел кујнски нож … ПовеќеИстрага за убиство на свиреп начин во Кочани

Соопштение

Тим од обвинители од Јавното обвинителство во текот на вчерашниот ден беше во косовското Обвинителство и оствари директна средба за обезбедување докази во врска со предистрагата поврзана со работата на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Од косовските органи, преку контакт-точките во Европската правосудна мрежа, се побарани конкретни податоци неопходни за проверка на наводите врз основа … ПовеќеСоопштение

Истрага за двојно убиство во Гевгелија

Oсновното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека сторил две кривични дела  -Убиство од член 123 од Кривичниот законик. Осомничениот 69-годишник, на 24 септември, со умисла ги лишил од живот сопствениот брат и неговата сопруга, со кои живееле во иста семејна куќа со различни влезови. … ПовеќеИстрага за двојно убиство во Гевгелија

Откриен предизвикувач на тешка сообраќајна несреќа во Скопје, за половина час сторил три кривични дела   

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 18-годишен скопјанец, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Одземање на моторно возило од член 242, со одземеното возило сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со … ПовеќеОткриен предизвикувач на тешка сообраќајна несреќа во Скопје, за половина час сторил три кривични дела