Соопштенија

Притвор заради криумчарење на непријавена стока

         Постапувајќи по поднесената кривична пријава од Царинската управа, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, поведе постапка за едно лице, жител на Рашка, Краљево, Р.Србија за кривично дело Криумчарење од член 278 став 1 од Кривичниот законик.         Осомничениот на  30.3.2021 година околу 22.30 часот избегнувајќи ја царинската контрола преку царинската линија на ГП Богородица … Повеќе

Едно лице обвинето за употреба на лажна потврда за негативен ПЦР тест

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице со двојно македонско и италијанско државјанство за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетата, на 17 март, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје се обидела да ја напушти државата, прикажувајќи лажен сертификат за негативен ПЦР тест за … Повеќе

Предложени парични казни за непочитување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против 15 лица кои се гонат за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Во издвоени кривично-правни настани во периодот од 10-29 март, обвинетите биле затекнати при непочитување на полицискиот час. Имено, … Повеќе

Жител на Желино обвинет за две разбојништва врз таксисти во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 28-годишен жител на Желино кој се товари дека сторил две кривични дела – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 28 февруари, обвинетиот и уште едно засега непознато лице влегле во такси возило на улицата „Димитрија Чуповски“ и побарале … Повеќе

Обвинение за обид за тешка кражба пртив косовски државјанин

Против 35-годишен државјанин на Република Косово Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. На 28 март, обвинетиот насилно го откорнал прозорецот од задната страна и влегол во куќа на улицата „Анте Хаџи … Повеќе

Побарани парични казни за прекршување на полицискиот час во Скопје

За кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица. Обвинетите, при контроли извршени на 23 и 24 март, биле затекнати во прекршување на полицискиот час. Спротивно на определената забрана за … Повеќе

Обвинение за дрога пронајдена во патна торба на меѓуградската автобуска станица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 52-годишен жител на Битола за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 11 март, на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, на меѓуградска автобуска станица, обвинетиот држел 194 грама … Повеќе

Обвинение за учество во толпа која извршила кривично дело

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 19-годишник од селото Стајковци, на 26 февруари, за време на јавен собир на граѓани, заедно со други идентификувани и … Повеќе

Проширена истрагата за марихуана пронајдена во камион на ГП „Богородица“

Основното винителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено призводство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот ааконик. Осомничениот, по претходен договор и заедно со уште едно лице за кое веќе се води постапка, со непознато лице од … Повеќе

Поведена постапка против едно лице за учество во насилна толпа

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 19-годишник од селото Стајковци, на 26 февруари, за време на јавен собир на граѓани, заедно со други идентификувани и неидентификувани … Повеќе

Истрага заради пронајдено оружје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице на возраст од 47 години, за кого постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 27 март 2021 година, … Повеќе

Истрага за пронајден метадон и ампули диазепам

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 25 март, во својот дом на улицата „Ордан Чопела“ во Гази Баба неовластено заради продажба држел … Повеќе

Одржана прес конференција за предметот „Планина“

Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, денеска одржа прес-конфереција на на која ги информираше медиумите и јавноста за деталите од предметот под назив „Планина“. Почитувајќи ги протоколите за заштита од натамошно ширење на вирусот COVID-19, прес конференцијата беше реализирана на далечина. Видео записот може да … Повеќе

Побаран притвор за дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување на истражна постапка и со предлог до Основниот суд Битола побара на едно лице да му се определи мерка притвор, бидејќи постои основано сомнение дека лицето го сторило кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 … Повеќе

Обвинение заради непочитување на здравствените прописи

Основното јавно обвинителство во Велес до Основен суд Велес поднесе Обвинителен предлог против 5 лица – косовски државјани за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од чл.206 од Кривичниот законик. Обвинетите на 24.3.2021 година во 23:40 часот со автомобил се движеле по автопат Е-75, при што кај наплатната станица Виничани … Повеќе

Обвинение за недозволено поседување пиштол и куршуми

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи согласно член 396 став 1 од Кривичниот законик. На 17 март, во својот дом во селото Рашче, обвинетиот 34-годишник држел полуавтоматски пиштол Застава М57 со калибар 7,62Х25 мм и 25 … Повеќе

Обвинение за затајување и лажно пријавување кривично дело

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен предлог до Основниот суд во Неготино против 22-годишен жител на Неготино за сторени кривични дела  Затајување од член 239 став 3 во врска со став 1 и Лажно пријавување на кривично дело од член 366 став 4 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 7 декември 2020 година противправно за себе … Повеќе

Постапки за непочитување на здравствените прописи во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапки против три физички и едно правно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик. Еден од обвинетите, во својство на автопревозник, вработен како шофер на мини-автобус, не постапил според прописите со кои се определени мерки за спречување и … Повеќе

Двајца албански државјани осомничени за тешки кражби во Гостивар

Гостиварското обвинителство поведе постапка против двајца државјани на Република Албанија, за кои постои основано сомнение дека сториле продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со членовите 22 и 45 од Кривичниот законик. Осомничените, како соизвршители, со употреба на штрафцигер, преку подрумските простории, насилно влегле во две куќи … Повеќе

Против вкупно пет лица поведени постапки за нарушување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнен налози против четири лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите биле затекнати како се движат на различни локации низ градот за време на полицискиот час, определен како мерка за превенција и … Повеќе