Соопштенија

Доставен предлог за примена на санкција против дете-учесник во сообраќајна несреќа со тешки последици

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Советот за деца при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за примена на санкција спрема дете во ризик постаро од 14 години, кое извршило дејствија кои со закон се определени како кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член … Повеќе

Обвинение за косовски државјани кои не го почитувале полицискиот час

Основното јавно обвинителство во Велес до Основен суд Велес поднесе Обвинителен предлог против две лица, косовски државјани, за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик. Обвинетите на 17 март во 23:05 часот, за време на важечки полициски час, со автомобил се движеле по автопатот Е-75, па на … Повеќе

Мајка осомничена за груба повреда на семејните обврски поради која настапила смрт на нејзиното дете

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Повреда на семејни обврски, предвидено и казниво согласно член 203 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничената, во текот на 2021 година, со груба повреда на своите законски … Повеќе

Деветмина во Скопје обвинети за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно девет лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, во различни кривично-правни настани, во периодот од 10-14 март не го почитувале полицискиот час, па за време … Повеќе

Поведена постапка за фалсификување пари

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Долна Лешница за кое постои сомневање дека сторило кривично дело – Фалсификување пари од член 268 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 12 март, при претрес во домот на осомничениот 44-годишник биле пронајдени фалсификувани 12.885 … Повеќе

Обвинети дилери на марихуана во гостиварско Здуње

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против две лица од гостиварското село Здуње, кои се товарат за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Првиот обвинет од засега непознато … Повеќе

Поднесено обвинение за даночно затајување

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно физичко и едно правно лице за кривичните дела – Даночно затајување и Фалсификување или уништување на деловни книги. Во периодот од 22.12.2016 до 20.05.2018 година, со намера да избегне плаќање на давачка на која е обврзан со закон, првообвинетиот, во својство на … Повеќе

Двајца гостиварци обвинети за непочитување на решенијата за домашна изолација

За сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против две лица. Првиот обвинет од село Голема Речица, на кого му бил определен задолжителен здравствен надзор и домашна изолација, не постапил согласно решението на здравствените власти, па … Повеќе

Жител на Желино осомничен за две разбојништва во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Желино за кого постои основано сомнение дека сторил две кривични дела – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 28 февруари, осомничениот и уште едно засега непознато лице влегле во такси возило на … Повеќе

Притвор за шверц на дрога на граничниот премин Деве Баир

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 7 март, при излез од државава на граничниот премин Деве … Повеќе

Побарани парични казни за палење на бугарското знаме во Вевчани

Основното јавно обвинителство Струга, по спроведена претходна постапка, поднесе Предлог за издавање казнен налог за три лица за кривично дело – Повреда на угледот на странска држава од член 181 од Кривичниот законик. Обвинетите, на 14 јануари, за време на самоиницијативниот собир на граѓани по повод верскиот празник Св.Василиј во Вевчани, со намера за исмејување … Повеќе

Се врши увид во зградата во која настана пожар во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар врши увид на местото на настанатиот пожар во станбена зграда во Гостивар. Во моментов се очекува пристигнување и на специјална екипа од Одделот за криминалистичко – технички испитувања и вештачења при МВР, со цел испитување на причините за пожарот во кој, како последица на задушување, животот го загуби едно дете на … Повеќе

Тројца обвинети за користење лажни ПЦР тестови за да ја напуштат државава

Против двајца турски и еден швајцарски државјанин Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителни предлози заради кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик. Во одвоени кривично-правни настани, обвинетите го сториле делото така што на пасошката контрола на Меѓународниот аеродром Скопје, при излез од државава, прикажале лажни потврди за негативни ПЦР … Повеќе

Соопштение

Денеска во утринските часови, врз основа на сознанијата на Агенцијата за национална безбедност дека Јордан Камчев се подготвува за бегство, Министерството за внатрешни работи го лиши од слобода. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во рамките на своите надлежности до Основниот кривичен суд – Скопје достави Предлог за определување на мерка … Повеќе

Поведена постапка заради пронајдена дрога во патна торба

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 52-годишен жител на Битола, поради постоење основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При извршен преглед од службени лица на 11.3.2021 година, … Повеќе

Извршен увид на местото каде во сообраќајна несреќа животот го загубија две лица

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола заедно со увидна екипа од СВР Битола и ОВР Ресен и со вештак од областа на сообраќајот изврши увид на самото место каде вчера околу 13:40 часот се случи сообраќајна несреќа во која животот го загубија две лица. На магистралниот пат А-3 Битола Ресен поточно на м.в. Долна … Повеќе

Едно лице обвинето за оддавање службена тајна

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за продолжено кривично дело – Оддавање службена тајна согласно член 360 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Во повеќе наврати во текот на јули 2020 година во Скопје, обвинетиот, на возраст од 56 години, и … Повеќе

Предложени парични казни за употреба на фалсификувани потврди за ПЦР тестови

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 12 лица заради кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик. Во одвоени кривично-правни настани, обвинетите го сториле делото така што на пасошката контрола на Меѓународниот аеродром Скопје, при излез од државава, прикажале лажни потврди … Повеќе

Обвинение за силувањето во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против  49-годишник од Гостивар, поради сторено кривично дело – Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 19 декември, околу 21 часот, со употреба на сила и закана ја присилил на обљуба оштетената. Тој ја однел во неговата куќа во Гостивар, каде физички ја нападнал … Повеќе

Притвор заради полов напад врз деца

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 41-годишно лице, за кое постои основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Полов напрад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Осомничениот на точно неутврдени датуми во текот на првата половина на 2020 година, … Повеќе