Соопштенија

Формирана е привремена Комисија за следење на евентуални изборни нерегуларности

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе Одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите. Настаните поврзани со претстојните предвремени … Повеќе

Правилна примена на Кривичниот законик за убиството во Ново Лисиче, Обвинителството вложи жалба за висината на казната

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје на 07.02.2020 година до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против едно лице за кривично дело – Убиство на миг од член 125 од Кривичниот законик. На 14.08.2019 година на булеварот „Видое Смилевски – Бато“ во населбата Ново Лисиче, обвинетиот 18-годишник, доведен без своја вина во состојба … Повеќе

Уште 47 лица во Скопје обвинети за непочитување на здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против уште 47 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Тројца од обвинетите не постапиле согласно решенијата со која им била определена задолжителна самоизолација во насока на спречување на ширење … Повеќе

Парична казна за тројца од Дебар

Основното јавно обвинителство Дебар поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица  за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Двајца од обвинетите  не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Тие … Повеќе

Скопјанец обвинет за недозволено поседување оружје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 24-годишен скопјанец, за кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 2 јуни, пред зграда на улица „Струмичка“, неовластено држел огнено оружје – пиштол марка „Глок“ со калибар 9 мм. На критичниот … Повеќе

Поведена постапка против учесници на протест во Скопје кои не ги почитувале здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против вкупно 15 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, на 31 мај, не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање и спречување на ширењето … Повеќе

Велешкото обвинителство поведе постапка за разбојништво

Основното јавно обвинителство во  Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против жител на Велес поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело – Разбојништво од член 237 од Кривичниот законик. Осомничениот на 09.06.2020 година со патнички автомобил, заедно со дете како сопатник, се движеле во правец од с.Караслари кон Велес при што забележале … Повеќе

Вкупно 26 лица во Скопје обвинети за непочитување на здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 26 лица, обвинети за кривично дело  – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Еден од обвинетите не го почитувал изреченото решение со кое му била определена задолжителна … Повеќе

Поднесена жалба против пресудата за една од обвинетите во случајот со лекувањето на Тамара Димовска

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе жалба на пресудата на Основниот кривичен суд Скопје против една од обвинетите во случајот со лекувањето на девојчето Тамара Димовска од Велес. Имено, постапувајќи по поднесениот обвинителен акт од Основното јавно обвинителство Скопје, а по барање на обвинетата, заради здравствени причини, Судот ја раздвои постапката против неа и донесе првостепена … Повеќе

Предложена парична казна за хотел во Скопје кој работел и покрај забраните

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе предлог за издавање казнен налог против едно физичко и едно правно лице заради сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи согласно член 206 од Кривичниот законик. Обвинетото физичко лице, во својство на управител на правниот субјект – хотел, не постапил согласно законските прописи … Повеќе

Скопјанец осомничен за недозволено поседување пиштол

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен скопјанец, осомничен за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и трговија до оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 2 јуни, пред зграда на улица „Струмичка“, неовластено држел огнено оружје – пиштол марка „Глок“ со … Повеќе

Уште 30 лица во Скопје обвинети за непочитување на полицискиот час

Против 30 лица осомничени за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје до надлежен суд поднесе предлози за издавање казнени налози. Обвинетите не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија … Повеќе

Четворица обвинети за прекршување на полицискиот час во Дебар

Основното јавно обвинителство Дебар поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. За сите обвинети, обвинителството со доставените предлози побара од Судот да им изрече парични казни во висина од по 10 до 100 дневни … Повеќе

Тројца осомничени за обид за убиство во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) и со член 22 од Кривичниот законик. Тројцата осомничени заедно со еден малолетник, на 14 јуни, пред … Повеќе

Парични казни за двајца во Велес

Основното јавно обвинителство  Велес до Основниот суд Велес денеска поднесе предлози за издавање на казнени налози за две лица кои го прекршиле полицискиот час. Обвинителството му предложи на Судот, на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 40 дневни глоби во износ од по 20 евра, односно по вкупно 800 евра во … Повеќе

Поднесени предлози за парични казни за 30 лица во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против 30 лица заради непочитување на полицискиот час. Обвинетите биле затекнати како се движат без да поседуваат дозвола, спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија. На тој начин тие го сториле кривичното дело – Непостапување … Повеќе

Побарани парични казни за правни и физички лица во струшко заради непочитување на здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Струга поднесе предлог за издавање казнен налог против 2 физички лица и 2 правни лица од Лабуништа за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик. Физичките лица, во својство на управители на обвинетите правни лица, не постапиле согласно одлуките и мерките донесени … Повеќе

Четворица обвинети за непочитување на полицискиот час во Штип

Основното јавно обвинителство Штип поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите делото го сториле непочитувајќи ја Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за … Повеќе

Предложени парични казни против 29 лица во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлози за издавање казнени налози против 29 лица обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на … Повеќе

Вкупно 33 лица во Скопје обвинети за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против 33 лица обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, за време на полициски час, биле затекнати како се движат на различни локации во градот без да поседуваат дозвола … Повеќе