Видео
Интервју на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески за Топ Тема
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески гостуваше на емисијата Топ Тема на телевизија Телма. Во интервјуто, Јовески се осврна на повеќе актуелни предмети во надлежност на Јавното обвинителство, на состојбите во обвинителството, како и на последниот извештај на американскиот Стејт департмент за состојбата со човековите права за 2020 година.
Целосното интервју во видеото подолу.
Видео од брифингот на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, денеска одржа дигитална предновогодишна средба со новинарите.
Интервју на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески за ТВ 24
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески во гостувањето на емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24 зборуваше за повеќе предмети во надлежност на Јавното обвинителство. Целосното интервју во видеото подолу.
Предадена донацијата од Амбасада на САД за правосудството за справување со Ковид-19
Амбасадорката на САД Н.Е. Кејт Мари Брнз денеска во Јавнотто обвинителство на Република Северна Македонија ја предаде донацијата од Соединетите Американски Држави, преку Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ). Донацијата со вредност од 35.000 американски долари е наменета како поддршка за намалување на ширењето на КОВИД-19.
Донација од Амбасада на САД за правосудството за справување со Ковид 19
由 MИА.mk 发布于 2020年6月29日周一
Предадени во употреба новите простории на Основното јавно обвинителство Куманово
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Куманово Теута Бедиу – Рамадани денескa ги пуштија во употреба новите простории на Основното јавно обвинителство Куманово, опремени со средства од фондовите на Европската унија.
Интервју на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески за МИА
Со новиот Закон за јавно обвинителство Основото јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција има поинаква поставеност во рамките на јавнообвинителската мрежа, како во делот на неговата финансиска самостојност, така и во делот на постапувањето во предметите. Така што јавниот обвинител на Република Северна Македонија не може да преземе предмети од негова надлежност без согласност на јавниот обвинител кој раководи со ова јавно обвинителство, вели во интервју за МИА државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.
Јавна расправа на тема: „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески се обрати на 107-та седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Северна Македонија, во рамките на јавната расправа на тема: „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“.
Меѓународна операција „Колибри“ во која беа запленети 700 кг кокаин од Колумбија
МЕЃУНАРОДНА ПОЛИЦИСКА ОПЕРАЦИЈА “ КОЛИБРИ “
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во периодот јули-декември 2019 година, во координација со јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презеде низа мерки и активности за утврдување на активностите на организирана криминална група предводена од двајца македонски државјани. Заради размена на информации и договарање на активности и во рамки на предистражната постапка, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал оствари низа средби и координирани состаноци во Скопје и Мадрид со полициски службеници од Шпанија и ДЕА.Повеќе детали на пресот во 10:15часот мвр зграда 1.
Posted by Министерство за внатрешни работи on Вторник, 24 декември 2019