Лилјана Спасоска ја извршуваше функцијата вршител на должност Јавен обвинител на Република Северна Македонија од 29.08.2017 до 25.12.2017.
Родена е во Скопје во 1954 година, основно и средно образование завршила во Скопје. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје на 04.01.1977 година.
На 01.03.1977 година започнува да работи како приправник во тогашното Окружно јавно обвинителство – Скопје, а во 1978 година станува стручен соработник во истото обвинителство.
На 01.12.1984 година е именувана за Заменик на јавен обвинител во тогашното Општинско јавно обвинителство – Скопје. Таа функција ја извршува до 01.04.2003 година, кога е именувана за заменик јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство – Скопје.
За јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија е избрана на 01.06.2009 година. Од декември 2013 година ја извршува и функцијата заменик на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија.
Во својата кариера учествувала на бројни меѓународни конференции и на стручни советувања во Република Северна Македонија, а извесен период ја извршуваше и функцијата Претседател на Управниот одбор на Академијата на судии и јавни обвинители.
Г-ѓа Спасоска е мажена, мајка на две полнолетни ќерки и баба на две внучиња.