Савески учествуваше на форум на балканските државни обвинители во Анталија

Савески учествуваше на форум на балканските државни обвинители во Анталија

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески учествуваше на 5. Работен форум на државни јавни обвинители од балканските земји, што се одржа во Анталија, Р.Турција. На форумот, Савески имаше излагање на тема “Финансирање тероризам, перење пари и конфискација на незаконски стекнатиот имот”. Во излагањето, тој се осврна на искуствата на нашата земја во борбата … Повеќе

Поефективно презентирање на доказите и зголемена транспарентност – ОБСЕ позитивно го оценува обвинителството во постапките за организиран криминал и корупција

Јавното обвинителство дополнително ги надградува добрите практики за редовна комуникација со јавноста, објавувајќи соопштенија, резимеа и организирајќи брифинзи за случаите опфатени од страна на Регионалниот проект за набљудување судски процеси во Западен Балкан, кој го спроведува ОБСЕ со финансиска поддршка од Европската Унија. Јавниот обвинител Елвин Вели од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, претседателот … Повеќе

Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби при даночните контроли на “Пулс” и поврзаните фирми

Основното јавно обвинителство Кочани поднесе обвинителен акт против три лица и обвинителен предлог против шест лица за дејствија на поткуп, злоупотреба на службена положба, оддавање службена тајна и фалсификување, во врска со контролите на Управата за јавни приходи во дискотеката “Пулс” во Кочани и во други поврзани фирми. Обвинителен акт за кривично дело – Примање … Повеќе

Постапка за измами на граѓани со т.н. “кубански вакцини”

Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет против едно лице за кривични дела – Измама од член 247 и Надрилекарство од член 209 од Кривичниот законик, обезбеди наредби за претреси на повеќе локации. Се постапува за обезбедување докази во однос на сознанијата дека осомничениот, со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда … Повеќе

Завршна посета на амбасадорот на ОБСЕ Вал во Јавното обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска го прими на завршна средба амабасадорот Килиан Вал кој го завршува својот мандат како шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На средбата, Савески изрази благодарност за континуираната поддршка што ја дава оваа организација за повеќе проекти од исклучителна важност за Јавното обвинителство, кои се однесуваат … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Здружението на јавните обвинители бараат од Уставниот суд итно да ги стави на дневен ред и да ги разгледа поднесените иницијативи за оценување на уставноста на одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за платите на јавните обвинители, … Повеќе

Тројца турски државјани осомничени за обид за убиство во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, државјани на Република Турција кои како соизвршители учествувале во дејствија на кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Едниот од нив со дејствија на помагање, ги одвел другите двајца, им … Повеќе

Билатерални средби со претставници на обвинителствата од Јужна Америка за соработка во борбата против трговија со луѓе

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески и јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кои постапуваат во предмети за кривичното дело – Трговија со луѓе денеска остварија билатерални средби со претставници на обвинителствата од Бразил, Колумбија и Венецуела кои во нивните земји постапуваат по ваков вид на … Повеќе

Млад жител на тетовско осомничен за компјутерски криминал, предложен притвор

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 20-годишник од селото Голема Речица за повеќе дела од областа на компјутерскиот криминал. За време на повеќемесечните предистражни дејствија координирани од јавен обвинител, се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение за извршено кривично дело – Компјутерска измама од член 251-б од Кривичниот законик, … Повеќе

Савески на отворањето на регионална конференција на УНОДЦ за прекугранична соработка и заштита на жртвите на трговија со луѓе

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска се обрати на отворањето на Регионалната експертска средба посветена на зајакнувањето на прекуграничната соработка и заштитата на странските жртви на трговија со луѓе во Западниот Балкан, што во организацијата на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал (УНОДЦ) се одржува во Скопје. “Трговијата … Повеќе

Претставување на кандидатите за Основен јавен обвинител на ОЈОГОКК

На 53-тата седница денеска, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија им овозможи на петмината пријавени кандидати за Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да се претстават пред Советот и пошироката јавност и да ги презентираат своите програми за работа. Нивното претставување беше снимено од страна … Повеќе

Не се утврдени елементи на кривично дело за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата

По спроведена предистражна постапка во однос на наводите од поднесената кривична пријава со сомненија за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на Република Северна Македонија и неовластено прибирање податоци, предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Резолуција со која оцени дека нема основ за … Повеќе

IN MEMORIAM

По кратко боледување, на 60-годишна возраст во Струга почина Џемал Лога, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Струга. Џемал Лога беше роден на 25.05.1966 година во струшкото село Ново Село. Дипломираше на Правниот факултет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје во 1998 година, а на 25.04.2012 година беше избран за јавен обвинител во струшкото основно обвинителство. … Повеќе

Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе постапка против виш јавен обвинител во ВЈО Битола, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание од член 359 став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик. Во изминатиот период, преку повеќе дејствија и … Повеќе

Претреси поради сомненија на трговија со влијание на обвинител

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција обезбеди судски наредби за претрес на дом и службени простории на виш јавен обвинител во ВЈО Битола, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание од член 359 став 3 во врска со став … Повеќе

Истрага за проневера во службата против финансиски раководителки во АД Државна лотарија

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршителки сториле кривично дело- Проневера во службата од член 354 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Во текот на цела 2024 година, првоосомничената на позиција директор на Секторот … Повеќе

Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен скопјанец за кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 и Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори … Повеќе

Истрага за давање поткуп на службено лице, предложен притвор

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Давање поткуп од член 358 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот дал поткуп на службено лице во Министерството за економија за да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши, односно … Повеќе

Поднесено обвинение против интернисти од битолската болница за несовесно лекување со тешки последици

Основното јавно обвинителство Битола, врз основа на спроведена претходна постапка и обезбедени докази, поднесе Обвинителен предлог против петмина лекари-интернисти од битолската клиничка болница “Д-р Трифун Пановски” за сторени – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. … Повеќе

Работна средба за изготвување на Стратегијата за човечки ресурси на Јавното обвинителство 2026-2028

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, преку проектот “Поддршка на ЕУ за владеење на правото”, денеска организираше меѓуинституционална работна средба за подготовка на новата Стратегија за човечки ресурси на Јавното обвинителство за периодот 2026-2028 година. Нацрт-стратегијата е подготвена од експерти ангажирани од Проектот, а на денешната дискусија имаа можност своите забелешки и коментари да ги … Повеќе