Соопштенија

Истрага за пронајдена дрога во автомобил на наплатната рампа Сопот

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од Битола на возраст од 34 години, за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот делото го сторил со тоа што на 9 април, во патнички автомобил марка БМВ, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – 7,4 грама кокаин и 1,19 грама марихуана. Дрогата била сместена во пределот на потпирачот на возачкото седиште, а била откриена при контрола на автомобилот на наплатната станица Сопот на автопатот Скопје-Велес.

Имајќи предвид дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство или повторување на кривичното дело, јавниот обвинител достави предлог до судијата на претходна постапка за определување мерка притвор. Со решение од надлежниот суд, на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.