Соопштенија

Истраги против дилери на дрога од Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено призводство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Осомничениот 31-годишник и неговата 20-годишна девојка, во домот во кој живееле заедно на улицата „Христо Татарчев 1“, како и во двата автомобили кои ги користеле, држеле наркотична дрога – марихуана и амфетамини чие количество е предмет на вештачење за што се издадени соодветни наредби од јавниот обвинител. Против осомничените, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје предложи да биде определена мерка притвор.

Истрага за Неовластено призводство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 е поведена и против 25-годишен скопјанец, во чиј дом на улицата „Владимир Ангеловски Дади“ полицијата пронашла речиси 1,5 килограм марихуана во три најлонски пакувања. И за ова лице надлежниот јавен обвинител до Судот достави предлог за определување притворска мерка.