Соопштенија

Извршен увид на местото каде загина работник во Кривогаштани

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп со екипа од крим-техника од МВР – ОВР Прилеп и во присуство на државен инспектор за заштита при работа, изврши увид во селото Бела Црква – општина Кривогаштани, каде утрово, при поставување на канализациона мрежа во ископ, еден работник го загуби животот.

Работникот, на возраст од 63 години, бил ангажиран за вршење на работи од правно лице од с.Велешта-Струга. Тој бил затрупан од одрон на поголемо количество земја и починал на лице место.

Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување на траги и предмети кои можат да послужат како доказ и наредба за обдукција на телото на починатиот.