Настани, Соопштенија

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Јовески се сретна со рускиот амбасадор Баздникин

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески оствари средба со Сергеј Баздникин, амбасадор на Руската Федерација во земјава.

На средбата беше истакната заложбата за продлабочување на соработката во областа на борба против тероризмот, корупцијата и меѓународниот организиран криминал. Јавниот обвинител Јовески ја презентираше структурата, условите за работа и предизвиците со кои се соочува Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Во исто време, Јовески и Баздникин разговараа и за унапредување на соработката во постапките против сторителите на кривичните дела од областа на економскиот и компјутерскиот криминал.