Основното јавно обвинителство Велес до Основниот суд Велес поднесе предлози за издавање на казнени налози против две лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите во текот на викендот постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на државата, донесена од Владата на Република Северна Македонија. Во временски период додека бил во сила полицискиот час, пеш се движеле по улиците на Велес што е констатирано од полициски службеници на СВР Велес.
Предложено е на обвинетите да им се изречат парични казни од по 40 дневни глоби во вредност од по 20 евра односно вкупно по 800 евра во денарска противвредност.