Соопштенија

Обвинети се три лица во Битола бидејќи не го почитувале полицискиот час

Обвинетите на 13.04.2020 година за време на пандемија прогласена од страна на Генералниот секретар на Светската здравствена организација поради опасна заразна болест COVID-19 поради што и е утврдено постоење на вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија сметано од 18.03.2020 година, не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување односно Одлуката за изменување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Обвинетите за време на полицискиот час се движеле на повеќе локации каде биле затекнати од полициски службеници од СВР Битола.

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Битола кој постапува по предметите поднесе 3 предлози за издавање казнен налог спрема обвинетите со кои на Основниот суд Битола му предложи, на секој од тројцата обвинети да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противредност.