Соопштенија

Охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против 33-годишен жител на Охрид за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

На 11 јуни, спротивно прописите со кои во одредени делови од деноноќието беше забрането движење на населението како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, обвинетиот бил затекнат како без дозвола се движи на улицата „Коста Абрашевиќ“ во Скопје.

Јавниот обвинител предложи на обвинетиот да му биде одредена парична казна од 100 дневни глоби со поединечен износ на една дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност.​