Основното јавно обвинителство – Битола даде наредба за вршење на увид на лице место за кривичниот настан кој се случи на ден 16.09.2014 година во атарот на с. Мренога, каде едно лице со употреба на ловечка пушка лиши од живот едно, а повреди друго лице. Од страна на полицијата и КРИМ – техника е извршено скицирање и фотографирање на местото. Едновремено се обезбедени и потребните докази.
Постапувајќи по наредбите, СВР Битола поднесе кривична пријава против едно лице за сторени кривични дела – Убиство од небрежност, Тешка телесна повреда и Незаконит лов. За другите две лица кои учествувале во настанот поднесена е пријава за сторено кривично дело – Незаконит лов.
Основното јавно обвинителство – Битола продолжува со истражната постапка во која ќе бидат прибрани сите материјални докази и факти за кривичниот предмет, врз основа на кој ќе биде донесена одлука.
ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА